Јоци повторно ,,удри” по кафанџиите – абе клошараана, заглавени сте у 18 век

0

Јорданка Ивановска Јоци во два статуси денес, повторно се ,,поткачи” со газдите на кафаните, кои вчера најавија дека планираат да ги отпуштат вработените, поради актуелните мерки:

,,Еве не знам колку треба да си глуп во 21 век да држиш кафана, а да не си ја адаптирал на онлајн услуга и да не знаеш да го искористиш интернетот кој во Македонија го донесе УНЕТ уште во 1995. Еве – НЕ ЗНАМ!

Но, затоа куп угостители си работат и се рекламираат и си профитираат и во време на корони, пошто паметни. Другите се заглавени во 18 век.

Нешто ко Герич, кој пред десет години ме пишуваше по колумни и ми се смееше – ене таму некоја шушумига Моци си пишува по фејсбуци. Ги убедуваше луѓето дека хартијата и веснициите ќе опстанат кога наголемо пропаѓаа во цел свет. Герич Мицков Грујов ја ,,откри” моќта на интернетот и фб-от пред 3 години.

Така и нашиве кафанџии кои отпуштија работници, пошто не знаат да се адаптираат на новото време. Они чекаат државата – ци цка да им даде, како да сме Југославија. Па и таа Југославија пропадна од вакви глупости. Сите чекаа пари од небо да им паднат. Секако дека ќе бидам на страната на работниците во овој случај.

Томе Корнер и остали угостители кои изиграваат жртви, док човечки е да мислиме на работниците кои ОНИ ги отпуштија, нека не јадат многу бубрези пошто дада Јоци многу пари ви оставила низ градов у сите 50 кафани кои сезонски ги отворате под едно име, па си ги затворавте, па си отворавте нови под други имиња. А, за сето тоа време пијачките и храната губеа у квалитет, а им растеа цените.

И ев ен келнер не знаете да задржите поише од шест месеци пошто многу сте фини. Ако не сте вие, други ќе отворат. Пазарна економија така функционира. И дада Јоци, да не се заборави, ви мерела тераси кои увек биле пола диви. Ете уште еден есап на салфетка.

Јасно, клошараана? Него ништо не ви дужам, не прифаќам пијачки и јадења беспари од кафанџии, се’ си плаќам, затоа ви кажувам какви сте. За вирмани немојте на мене, поише акал и школо имам од вас. Кој не го бива за кафана, нека оди нека сади јагоди.”

Претходна статијаПознатите српски доктори кои се испокараа заради вакцини, сега велат нешто друго
Следна статијаХуманоста пред се: Пристигаат нови 50 кревети за Инфективна клиника во Скопје