Кинезите открија нешто фрапантно – 80 проценти се заразиле од асимптоматски случаи

0

Се смета дека во почетокот, некаде во ноември 2019, корона вирусот подмолно беснеел меѓу децата и младинците, дури стотина километри од градот Вухан, Кина, иако официјално се тврди дека првата инфекција настанала на т.н. мокар пазар во градот, во декември истата година.

Утврдено е дека вирусот претставува „химера“ од два вируси, едниот, чијшто природен резервоар е еден вид лилјак и друг, чијшто природен резервоар е еден лушпест мравојад (панголин). И едниот и другиот често биле на менито на богатите Кинези.

Неговиот извонредно висок епидемиски потенцијал се должи на фактот што многу лесно се пренесува од човек на човек по воздушно-капков и контактен пат. Ширењето му е олеснето од фактот, што за разлика од неговиот постар брат, САРС-КоВ-1 (предизвикувач на САРС-от), кој се вгнездуваше само во долните делови на белите дробови (заради што беше многу тешко да се пренесува од човек на човек), овој, новиов вирус, присутен е и во назофарингеалниот секрет, што овозможува лесен интерхуман пренос, по капков пат, исто како кај грипот.

Неповолно е што, според најновите сознанија, се шири и преку аеросоли, кои се формираат при зборување и дишење, значи по аероген пат, како вирусот на морбилите!!! А до неодамна се сметаше дека аеросоли не се формираат при дишење и зборување. И според тоа беа дизајнирани и мерките пропишани од Светската здравствена организација. (Кај вирусот на сезонскиот грип, не постои ширење преку аеросоли).

Најден е и во фецесот, но феко-оралниот пат изгледа не е релевантен во неговото ширење. Неговиот базичен репродукциски број изнесува 2-3. Што значи дека едно инфицирано лице заразува 2-3 други осетливи лица. (Кај сезонскиот грип, тој број е 0,9-2,1)

Понатаму, тој е смр тоносен, но не претерано (САРС, 10%, МЕРС 37%). Стапката на см ртност не може прецизно да му се пресмета, зашто сè уште не се знае вкупниот број на инфекции (манифестни и асимптоматски). Се проценува дека се движи околу 3%.

Засега кај нас е околу 3%. (Кај сезонскиот грип см ртноста е само 0,1%). Клиничката слика му е речиси иста како и кај други респираторни заболувања, грипот, на пример, со тоа што тука далеку почесто настанува пневмонија, но и респираторен дистрес синдром и откажување на мултипли органи, што се главни причина за см рт кај заболените.

Проценките за пропорцијата на асимптоматските случаи се движат меѓу 17,8 до 50%, а токму тие се главните пренесувачи на вирусот! (Кај сезонскиот грип изнесува 14%).

Околу 80% инфицирани имаат блага клиничка слика, околу 15% тешка и грубо 5%, многу тешка. Генерално земено, децата и младите под 18 години заболуваат со полесни симптоми или се асимптоматски. Со растење на возраста, и симптомите стануваат потешки. И смтноста им е поголема (70-79 години, 8%, преку 80 години, околу 15%).

Имајќи предвид дека целокупната светска популација за новиов корона вирус е „табула раза“, значи не поседува специфичен имунитет, јасно е дека тој ги поседува сите предуслови молневито да се впушти во поход – велиме, експоненцијално се шири.
И тој тоа го стори.

Кина падна на самиот почеток на походот, во јануари, февруари и првата половина на март. Кинезите презедоа невидени, драконски рестриктивни мерки. Ставија во карантин половина милијарда луѓе. И успеаја да го совладаат, напиша вчера за порталот Доктори, професорот по епидемиологија на Медицинскиот факултет во Скопје, д-р Драган Даниловски.

Осумдесет проценти од пациентите со Корона вирус го фатиле вирусот од лице кое не манифестира никакви симптоми.

Истражувачите го испитале ширењето на вирусот ширум Вухан во Кина. Откриле дека 79,7 проценти го фатиле вирусот од некој што не покажува симптоми. Луѓето се заразни до 3,8 дена пред да започнат да покажуваат симптоми на вирус.

Истражувачите од Медицинскиот факултет во Шангај, Jиао Тонг процениле колку време било потребно за некој да се зарази со корона вирус.

Вејтуо Занг и неговите колеги велат дека нивните резултати покажуваат дека изолацијата не е доволна, таа треба да биде придружена со строго тестирање.

Претходна статијаВенко Филипче откри дали досега се има тестирано од Корона вирусот
Следна статијаСимона Арсовска: Нашиот живот запре овие две години, живееме крајно скромен живот, не сме виделе кафана, не сме виделе кафич ниту забава