Јоци до газдите на кафани: Се наполнивте пари, макијато 90 денари продававте, а сега ќе отпуштате

0

Угостителите денс соопштија дека одлучиле да ги отпуштат вработените:

,,За жал до сега добивме несоодветни, нејасни и нецелосни мерки и уредби, кои и покрај апелите не беше разбрано дека малите субјекти немаат капацитети да ги спроведат, а воедно ниту се доволни. Ова ни дава до знаење дека се игра со времето, кое моментално работи против нас, а ние како дејност немаме никакво чувство на сигурност.

По долго исчекување и детална анализа на сите најавени мерки, а во правец на зачувување на дејноста, како субјекти од дејноста угостителство, преземаме чекори за намалување на загубите и трошоците кои секојдневно се генерираат. Еден од тие чекори е и во состојба кога институциите не ни помогнаа да се грижиме за лицата вработени во овој сектор, сега ќе дозволиме директно за нив да покаже грижа државата.

На овој начин институциите можат директно да им помогнат без притоа дополнително да нè задолжуваат со кредити за придонеси и другите натрупани трошоци“, изјави Мартин Ангеловски од Групацијата за угостителство.

Угостителите сметаат дека од исклучителна важност е јавноста да знае дека сите мерки кои се моментално донесени и предложени само ќе им ги зголемат долговите по кризата, за која не се знае кога ќе заврши.

„ Сè што ни е понудено во овој момент е во вид на заем од Владата и тоа недоволен само за нето-плата, ова никој од нас нема да може да го издржи. Наместо тоа, очекувавме директна, безусловна и правична помош од страна на институциите, но не ја добивме.

Дополнително, мерките не ги опфаќаат сите погодени во угостителството и не е земено предвид дека ние не сме погоден сектор, туку со одлука затворен сектор. Се очекува од нас, како што слушаме секојдневно, да понесеме дел од товарот на кризата. Како да го направиме тоа кога сме затворени први, а ќе профункционираме последни, се работи за мали фирми кои немаат резерви.

Исто така, месец март и покрај нашето барање е изоставен од мерките“, објасни Ангеловски и додаде дека ваков пристап со кој се претставуваат овие мерки е комплетно неоправдан, затоа што го фрла секторот на маргините и покрај тоа што вработува над 29.000 лица и се бори за задржување на секое работни место.”

На ова со свој коментар на социјалните мрежи се јави новинарката Јорданка Ивановска Јоци:

,,Ова кафанџииве, што се наполнија пари од експлоатација на готвачи и келнери, на кои им фрлаа трошки 15.000 денари, сега први кукаат ⁉️ Ги отпуштиле, малку им било на господава две бруто плати за вработени, 14.500, од Буџет. Ги отпуштиле пошто знаат потоа пак ќе најдат нововработени, па да не мора да им плаќаат здравствено и плати.

Па, што, вие колку плаќавте, да ги прашаме луѓето ако не, кои сте ги отпуштиле каков ви бил односот со нив?

До завчера макијато истиве овие наплатуваа 90 денари, а капучино со пена – 120 денари. Пиво од 0,5 кое е 50 денари во маркет, они го наплатуваа 130 денари, исто како ,,џејмисон”. Ебена логика нема во ова нивново. Јебао вас капитализам. Трета класа месо, стек, наплатуваа по 200 денари.

Лани и преклани ги оставија цените исти, само за двојно ги намалија сите порции.
Море имате пари вие. Само ви требаат уште два џипа. Ве заболе вас за радничка класа!

И да затворите. Ко што во цел свет затворија кога не сакаат да задржат вработени. Ако не вие, други ќе отворат.”

Претходна статијаПо Дојран уште два македонски града во кои се уште нема Корона не сакаат гости од други општини
Следна статијаКаракамишева демантирана од НБРМ во врска со парите – самата си го објави демантот