Почитувани, на социјалните мрежи забележавме фотошоп монтажа, на која на наша вест и е вметнат поинаков наслов.
Сакаме да напоменеме дека на нашиот портал, НИКОГАШ не е објавена вест со наслов:
,,Прв случај на корона вирус во Виница: Позитивен резултат добија од штипската клиника и за поштарот од Виница”
Иако е повеќе од очигледно дека се работи за лоша фотошоп монтажа, дел од корисниците на социјалните мрежи, сепак веруваат дека ние сме објавиле лажна вест, затоа и остро демантираме.
Монтажата е направена на веста за тестови од Авицена, со тоа што врз оригиналниот наслов е вметнат овој за Виница.
Во време на вонредна состојба, тој што го направил ова треба да е свесен дека играње со фотошоп и менување наслови на оригинални вести е казниво.
Повторно ќе повториме, монтажата е многу лоша, но некои читатели тоа не го забележуваат.