Статус на Мирјана Најчевска:
,,Абе не сум видела толку радост кај народов од оваа која им ја приреди Заев со предлогот на буџетарите да им се намалат платите на минималец.
Не ги заболе што ги крадат. Не ги заболе што ги мамат. Не им е гајле што се богатат на нивен грб. Ама да се земе од некој што прима 20000 денари и да се спушти на 14.500 е тоа е радост невидена.
Абре говеда невакцинирани, со години тврдиме дека во Македонија над 50% од населението има примања кои не достасуваат за основната потрошувачка кошничка (33000 денари) што би требало да обезбеди елементарен достоинствен живот, а вие сакате сите да имаат една третина од оваа сума.
Ма дајте бре побарајте ги парите што ви ги украдоа. Побарајте ги парите кои ги напикаа во приватни џепови, а не да се колете меѓу себе како гладни волци.”