Филипче по вториот починат: Не значи дека само оние со хронични болести се ризични

0

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус.

Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136.

Министерот Филипче истакна дека со овој вирус има многу непознати, па така, не знали дека се ризични само оние кои имаат хронични заболувања. Тоа реалноста го покажува, бидејќи за вториот починат, лекарите немале информација дека има некакви хронични заболувања.

Филипче на денешниот прес, исто така извести дека државата има доволен број количини на лекови за кои се смета дека можат да помогнат при состојба на Корона вирус.

Филипче на крајот апелираше граѓаните да не прават залихи од препаратот ,,Сумамед”, бидејќи го има во доволна залиха.

Претходна статијаД-р Трпкова: Доколку имате некои од следниве симптоми, ве молам да го контактирате вашиот матичен лекар
Следна статијаПознато колку лица ја напуштиле Македонија и потпишале дека 90 дена нема да се враќаат