Во интервју за ТВ Сител, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски рече дека тие како партија побарале кризна состојба уште пред 7 или 8 дена, затоа што, тоа според нив, а и според законот за менаџирање на кризна состојба подразбира степен на поголема заштита на населението.
Факт е дека тоа не е уставно регулирано и тоа го заклучивме на таа лидерска средба, рече Мицкоски.
Факт е дека согласно Уставот регулирани се вонредна и воена состојба. Затоа побаравме кризна состојба за да излезе полиција и војска на улица за да можеме да ги згрижиме и заштитиме граѓаните, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски посочи дека секој човечки живот е важен и потребно е наместо владата да води пи-ар стратегии, да почне да се грижи за здравјето на граѓаните, односно како што рече тој за ВМРО-ДПМНЕ важно е да биде спасен и заштитен секој човечки живот.
– За нас здравјето на граѓаните е пред и над се. Не ни требаат пи-ар стратегии и скапо платени советници коишто дури фондот кој што се користи е идентичен како партискиот фонд што го користи СДСМ.
Нас ни е важен секој човечки живот да биде спасен, да биде негуван, за да можеме со што помалку последици да излеземе од оваа пандемија, вели тој.