Статус на Јорданка Ивановска Јоци:
Владата на Македонија не смее да дозволи она кое веќе го планира (ребаланси на Буџет и разни економски мерки) плус други ригорозни мерки за заразата, прво да излегуваат во медиуми во вид на статуси и колумни, па потоа истите тие да речат – ,,еве ги неспособни, ние им кажавме”.
Во моментов, зад завесата се води специјална медиумска војна против СДСМ, цела војска и мрежа од идиоти, кои, место да помогаат, одмагаат. Разни подземни и надземни структури кои короната ја користат за деструктивно делување и славење на секој новозаразен.
Токму затоа, Владата, треба да делува брзо, радикално и остро. И да ги потисне тие структури.
Оваа Влада води битки на неколку фронта – здравствен, економски, но и против мрачните медиумски сили.