Министерот за здравство Венко Филипче, на прес без присуство на новинари, денес информираше за најновата ситуација со Корона вирус. За новинарите беше најавено дека прашањата ќе можат да ги испратат на меил.
Филипче потсети дека заразата во целиот свет се шири со огромна брзина. Сто илјади рече Филипче дека се заразиле за три месеци, а сега за 12 денови има уште сто. Тоа значи дека заразата се шири експоненцијално.
Филипче извести дека сега бројката кај нас е 70, со трите најново дијагностицирани. Една од заболените е баба на девојчето од Штип. Една од пациентките е во многу лоша состојба, рече Филипче.
Филипче изјави дека било донесено одлука да се уважуваат резултатите од двете референтни лабаратории кај нас, онаа на инфективна клиника и онаа кај Жан Митрев.
Филипче изјави дека бројот на заболените ќе расте! И нагласи дека мерките мора да се почитуваат.
-Денес јас ќе предложам поостри мерки за регионите во кои не се почитуваат, рече Филипче!