Јоци: Дојде времето да се враќаат кредитите за ѓубрето Скопје 2014

0

Статус на Јорданка Ивановска Јоци: ,,За земја која фукна 500 мил.евра кредити на ѓубрето СК2014 (Никола Груевски) и кои ќе ги враќаме уште 20 години, многу се очекува од економијата и државен Буџет во време кога никој не остварува приходи, т.е сите речиси седат дома.

Потсетете ме, кој се загрижи тогаш околу кредитите со кои ја исцеди секоја финансиска надеж, па сега се трупаат кредити за враќање на старите?

Излезе некој да му рече на сотоната – ,,оу, чек будало…ова многу е….имаме нафта за да враќаме волку кредити, гас, злато?”.

Ние имаме 500 милиони евра фукнато во бетон. И толку. Со ништо не се враќаат тие пари назад во Буџет, не ги вложивме во корисни ствари, али господата приватници на мали бизниси, кои ќутеа и играа оро со вмројни тогаш, сега сакале субвенции ⁉️

Од каде? Само Груевски го чувме дека договори 15 милиони евра провизија од кинески патишта, а еден судија му застари предмет. Тоа му е само една провизија што му ја дознавме.

Па, јас имав 500 статуси во кои напоменував дека ќе крахираме еден ден поради таа ноншалантност кон неговите погубни политики со кои земаше кредит врз кредит за неговите играчки и за плати и пензии, вработуваше партиски кај стаса, секоја шушумига… Епа, дечки дојде тој ден.

Секој втор во државава има кредити и три картички. Како ќе ги враќате? Ги оставивте девизите по грции, милиоони евра и сега сакате да ви ги врати некој. Е, како? Пазарот на пари не функционира така. Банките ќе си дојдат по своето.
Така пропаѓаа и цели градови во Америка.

Кога ќе пропадне приватниот сектор, ќе нема плати ни за државниот.
Се откачи спиралата на поразителните груевистички политики, нека појаснат економисти експерти. Нека не ќутат!

Барате и супер здравствен систем. Па, не видовте како Тодоров и Ивона договараа тендери, оној случај ,,Визарис”?

Притоа немаме силно производство, нови профитабилни фабрики, туризам, немаме ништо. Шо мислевте, у кафани ќе одите цел живот и така е нормално?
Ни езерата не ни носат профит, се сушат, а наоколу е крш.
Тој кретенот ве убедуваше дека фабричиња за кинески балетанки се иднината и дека носеле пари.

Седи дома сега шивачката, која нема работа, фризерки, келнери, готвачи, спортски кладилници затворени, а од нив Буџет се полни многу, нема туристи, се’ е застанато.”

Претходна статијаПроговори докторот Арбен од Дебар кој доби Корона и упати апел до сите наши граѓани
Следна статијаКаракамишева откри детали од состанокот кај Претседателот: Еве зошто сакаа да прогласат вонредна состојба