Нашата влада превзема мерки против Корона вирусот, кои се навистина за поздравување. Ние сме една од ретките земји во светот, каде прогресијата не оди со големи чекори напред, туку напротив, во споредба со бројот на населението е во ниски рамки.
Но до кога ќе биде тоа така. Особено што навистина има многу нелогичности во мерките. Од една страна затворени се училиштата, рестораните и кафеаните, шопинг моловите, местата за јавни собири. Прекинати се спортските натпреварувања и културните настани.
Но од друга страна, луѓето одат на работа. Особено се засегнати оние од јавната администрација, која како што е познато е пренатрупана со кадри, од кои поголемиот број и немаат некакви конкретни задачи, кои во овој момент се од витално значење за државата и граѓаните.
Корисник на социјалните мрежи утрово постави статус кој надлежните мораат да го земат во предвид. Тој напиша:
,,Какво е фајдето што два дена седев дома во карантин, изолиран од сите социјални контакти, кога утрово морам да одам на работа, во институција во која има четиристотини вработени!
Треба да одам по ходници, да влегувам во канцеларии, да се возиме во лифт сите заедно. Навистина не разбирам, нека ми објасни некој”, напиша скопјанец на социјалните мрежи.
Навистина логично прашање. Можеби надлежните треба да размислат, да се воведе целосен карантин. Да работат само институциите кои се најнеопходни за граѓаните, бројот на вработените кои опслужуваат да се во намален број и со заштитна опрема.
Вчера во емисија на Алфа ТВ, нашиот реномиран епидемиолог Драган Даниловски, апелираше токму во оваа насока, да се прогласи тотален карантин, за да се заштитиме од вирусот:
,,Треба да се делува ра дикално, вели Даниловски. Како што направија Кинезите. Подитно треба да се забранат, ама буквално да се забранат сите социјални дружби на граѓаните, но не само социјални, туку и професионални и секакви други.
Со тоа, можеби ќе успееме да го намалиме факторот на преносливост од сегашниот потенцијал 3, на испод 1. Значи предлагам на државата, државата да направи се што е во нејзините ингеренции, дури и со непопуларни мерки, средновековни мерки, кои на времето се покажале ефикасни, а и сега кинезите ги применија истите, за да се заштити населението, истакна д-р Драган Даниловски.
П.П.