Светот е исправен пред најголемиот предизвик во поновата историја. Две третини од земјата се под делумен или целосен карантин. Затворени се училишта, ресторани, откажани културни настани.
Прекинати се првенствата во речиси сите спортови. Прекинато е натпреварувањето во најсилната кошаркарска лига, НБА. Сè е застанато. Берзите се во слободен пад, економијата пред колапс.
Корона вирусот го потсети човештвото дека не го достигнало своето совршенство и дека е сеуште многу ранливо. Сцените кои досега можевме да ги видиме само на филм, стануваат наша реалност…
Светот е во исчекување на вакцина, која се гледа како спас за новонастанатата ситуација. Но развојот на една вакцина бара подолг временски период на испитувања, пред клинички и клинички, пре да се пушти во употреба.
Деновиве стигнаа вести од Канада, а потоа и од Германија, дека неколку компании имаат завршено со предклинички тестирања и нивните производи се очекува да влезат во клинички тест период.
Македонец Роберт Милевски, преку статус на социјалните мрежи, објасни дека неговата компанија е дел од процесот за производство на новата вакцина:
,,Научниците веќе успеале да го декодираат вирусот Covid-19, познат како Корона. Веќе се работи со полна пареа на изработка на вакцина. Меѓу многуте лаборатории низ светот, први успех имаат истражувачите на фирмата Грефекс од Хјустон и тврдат дека веќе имаат вакцина, која мора да помине низ повеќе фази на проверка. Меѓу другите се истражува и во Канада, Германија, Кина, Јапонија, каде што исто така јавуваат за успешен процес.
Научниците успеале да го изолираат врзувачкиот протеин. Цел овој процес се работи на машина чиј главен дел го развивме токму ние, преку мојата компанија Introcode Technologies. Се работи за ДНК – РНК сиквенцер, со дополнителен бројач на клетки, како и целосна спектрална анализа, со чија помош се декодира структурата на вирусот. Ние сме единствените во светот што успеавме да квантифицираме ДНК код за помалку од 5 секунди. Светски рекорд кој сѐ уште никој не го соборил!
Така да мои Македонци, бидете горди на македонските инженери! Ова е само да ви кажам дека и ние имаме удел во развојот на идната вакцина, а јас сум посебно горд на сите!
Ви посакувам да останете здрави и помалце политика, оти таа очигледно нé отру и понатаму нѐ труе многу повеќе од самиот вирус. Повеќе информации околу темава на следниве линкови:
За истражувањата: https://focus.de/11717745 (линкот преведете го преку Google translate). За машината: https://www.facebook.com/495865847094480/posts/1006713846009675/
Погледнете го видеото: https://www.facebook.com/introcode/videos/1111971568817235 Линк до нашата веб страна: https://www.introcode.com”