Горјан Јовановски кој престојувал во Холандија е резигниран од индолентниот однос кон Корона на тамошните власти и прави компарација, а воедно и ја фали реакцијата на Македонските власти, во споредба со Холандските:
,,Денес долетав во Скопје од Амстердам, и сакам да ви направам споредба на ситуацијата тука и таму:
Во самиот град сè работи, барови, ресторани и клубови. Дури пред некој ден дојде забрана за настани над 100 посетители. Нема официјална препорака за работа од дома, дел од фирмите само-иницијативно го почнаа тоа.
На аеродромот никој од вработените не носеше маска, немаше дистанца меѓу луѓето, не се проверуваше за покачена телесна температура. Најголемата заштита беа ракавици. Заболени во Холандија: 959 (300+ за два дена).
Кога слетав на аеродромот во Скопје, веднаш по последниот патник влезе екипа за дезинфекција на авионот. Во авионот пополнивме форма со контакт информации доколку треба да нè најдат каде сме.
Сите вработени носеа маски и ракавици. Има скенер за покачена телесна температура, еден по еден поминувавме низ него (не беше ради реда ставен). Во градот е почнато со затворање на многу локали и едукативните установи, и има јасни препораки од министерството. Заболени во Македонија: 18
Во Холандија јас се чувствував исплашено и несигурно, поради скоро-непостоечките официјални мерки. Во Македонија, иако сме помала држава, мерките се покажуваат како успешни, а луѓето знаат дека се обидуваме да ја контролираме ситуацијата.
Често знам да давам строги критики кон политичари, но навистина морам да го пофалам целото Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Венко Филипче за транспарентниот пристап во ситуацијата. Најсикрено, се чувствувам побезбедно тука. Се гледаме за 14 дена, чим завршам со само-изолацијата.”