(ФОТО) Некој сериозно си ја сфати работата – Сити Мол ревносно се бори против заразата

0

Пишуваме како во новонастанатата ситуација многумина се однесуваат неодговорно. Сите ја осудија информацијата дека некои текстилни компании орпуштале вработени, во ек на кризата со Корона вирусот, кога властите донесоа одлука по еден вработен од секое семејство кое има мали деца до десет години, да може да отсуствува од работа.

Но има и позитивни примери, кои исто така треба да се истакнат. До редакцијата на Галама пристигнаа фотографии од нашиот најпознат и нареномиран шопинг мол, ,,Скопје Сити Мол”.

Тие даваат промер за општествено одговорна компанија, која се грижи за здравјето на своите посетители.

Сите простории, коридорите по кои се движат луѓето, санитарните јазли, како и внатрешноста на деловните објекти секојдневно, пред почетокот на работното време, како и по неговото завршување, се третираат со дезинфекциони средства.

Некои делови од трговскиот се дезинфецираат и во текот на самото работно време.

Но, дека во Сити Мол ништо не пропуштиле на случајноста, односно дека најверојатно се консултирале и добиле стручен епидемиолошки совет, покажуваат фотографиите на кои се гледа дека со дезинфекциони средства се третираат дури и површините кои се на дофат на раката на посетителите и вработените.

Браво за овој позитивен пример, да се надеваме дека ќе биде следен и од други компании во чии простории има големи фреквенции на луѓе, пред се маркетите и рестораните.

Претходна статијаБерниса од Скопје: Другари, додека го пиете еспресото помислете дека нечии мајки и татковци деноноќно работат
Следна статијаАвиони над Европа од среде лет се враќаат назад – информирајте се пред да тргнете на пат