Професор на УКИМ: Не сакам да видам на предавање ниту еден студент што кашла или кива

0

Ситуацијата со Коронавирус станува посериозна одошто мислевме. Во Италија во последното деноноќие се јавува за нови 97 по чинати само во едно деноноќие. Од денс Италија е во целосен карантин.

Рестораните и маркетите работат со скратено работно време, граѓаните масовно ги празнат супермаркетите правејќи залихи од храна и вода.

Македонија вчера беше потресена од несериозното однесување на докторка, директор на клиника за кожни болести, која се вратила од скијање во Италија и иако имала симптоми за болеста, си одела на работа , дури била и на семинар.

Кога се востанови дека е болна од Корона, таа е хоаспитализирана, а целата клиника е затворена и сите вработени се во домашен карантин. И не само вработените, туку и учесниците на семинарот каде таа била предавач.

Порталот Република од свои извори јавува дека денес најверојатно владата ќе донесе одлука да се затворат училиштата и градинките на четиринаесет денови, со цел да се спречи ширењето на заразата.

Министерот Филипче утрово уште еднаш апелираше, сите оние кои доаѓаат од Италија, задолжително да се самоизолираат:

,,Доколку сте биле во некој од ризичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје.

На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество. Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги комуницираме.”

Професорот на универзитетот УКИМ Владимир Трајковски, денес преку социјалните мрежи упати апел до студентите:

,,АПЕЛ до сите мои студенти! Најискрено Ве замолувам да ги откажете вашите присуства во кафетерии, ресторани, натпревари, концерти, претстави и други масовни собири. Во овој момент се чини дека самоизолацијата е најдобро средство за превенција.

Не сакам да видам на настава ниту еден студент/ка што е настинат со ринитис, што кива, кашла или има температура. Искрено се надевам дека тие што ќе отсуствуваат навистина биле болни и јас лично ќе им ги оправдам отсуствата. Јакнењето на самосвеста за вирусот Covid-19 и самоизолацијата може да спаси многу животи.

Ќе ја следиме ситуацијата и ќе видиме каков ќе биде ставот на СЗО и МЗ наредниот вторник. Доколку се укаже потреба стојам на располагање за предавање онлјан во живо преку мојот Јутјуб канал или на запад познато како distance learning.
Јас и Вие имаме по еден живот кој е вреден да го живееме!”

Претходна статијаПрофесорот Трајковски до своите студенти: Јас и Вие имаме по еден живот кој е вреден да го живееме
Следна статијаИ после други ни се виновни: Четворица Ресенчани со јаболки извисиле Руси, Унгарци и Босанци за 55.000 евра