Енис Барди: Мајка ми е Косоварка, но ќе дадам сè од себе за да победи Македонија

0

Енис Барди е роден во Скопје, а своите фудбалски почетоци ги имал за екипата на ФК Шкупи. Во 2013 година заминал во младинската школа на ФК Брондби, но истата година потпишал едногодишен договор со шведскиот второлигаш ФК Преспа Бирлик.

Во август 2014 година, Барди се преселил во редовите на унгарскиот клуб ФК Ујпешт, потпишувајќи тригодишен договор кон крајот на месецот. За клубот дебитирал на 14 септември, започнувајќи со загуба од 2-0 против ФК Видеотон.

Барди го постигнал својот прв гол за Ујпешт на 24 октомври 2014 година во домашната победа од 3-2 против ФК Њиреѓхаза Спартак. Тој станал клучен играч во сезоната 2016-17, постигнувајќи 12 гола и станал најдобар стрелец во клубот.

На 17 јули 2017 година, Барди потпишува за шпанскиот клуб од Леванте. За новиот тим дебитирал на 21 август во домашната победа со 1-0 против ФК Виљареал.

Репрезентацијата на Косово е ривалот на Македонија во полуфиналето од фудбалската Лига на нации. Ова е епилогот по завршувањето на групната фаза од новото натпреварување на УЕФА.

Полуфиналето овој месец ќе се игра во еден натпревар, на кој домаќин ќе бде Македонија поради повеќето освоени бодови во групите.

Вториот полуфинален пар од плеј-офот за пласман на ЕП го сочинуваат Грузија и Белорусија.

По овој повод, Експрес пренесува изјава од Македонскиот интернационалец Енис Барди.

За македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди, натпреварот со Косово од плејофот во Лигата на нациите ќе биде емотивен, но тој порачува дека ќе даде максимум за победа на Македонија што ќе ја доближи до историски пласман на Европско првенство.

„Македонија ми даде шанса уште на 19 години да заиграм за репрезентацијата и затоа многу сум ѝ благодарен. Нè очекува дуел со Косово, кој за мене ќе биде многу емотивен. Мојата мајка е од Косово, јас сум внук на Косово, но на теренот ќе се борам за Македонија и ќе го дадам сè од себе за да победиме.

Нашата цел е да се пласираме на Европско првенство, а за таа да се оствари ќе мораме прво да го победиме Косово. Не е само Барди клучот на оваа селекција, тука се и Елмас, Пандев, Алиоски…

Ќе биде возбудливо, а се надевам дека нема да има неспортски работи, бидејќи спортот треба да ги обединува луѓето“, изјави Барди за приштинска Т7.

Претходна статијаМицкоски: Бидејќи Заев се плаши со мене, еве нека излезе на дебата со Милошоски
Следна статија(ВИДЕО) Јулија го запроси Владимир Путин: Рускиот претседател доби јавна брачна понуда