Тасевски: Вие ја утнавте со Корона, а еве како сериозна држава се справува со нешто слично

0

Сашо Тасевски: ,,Кажете ја утнавте со заразата, уште кога од Италија повратници ги пуштавте дома ко на пикник. Ама еве пример, свеж ко марула во декември, ама поучен, колку да видите сериозни држави како работат кога се во опасност.

Раните осумдесети, аеродромот Орли, чудни симптоми слични на бубонска чума кај еден патник од Сенегал, белец, за време на летот. Имало лекар во авионот, кој се посомневал и им јавил на пилотите. Паниката пораснала штом болниот е прегледан по слетувањето, на самиот аеродром.

Веднаш е карантиниран, со сите патници и сите кои биле во допир со внатрешноста на авионот. Се јавуваат симптоми кај копилотот по 10 саати, кој бил во допир со болниот и стјуардеса. Брзо време на инкубација.

Веднаш е ставен во акција планот за епидемиолошка одбрана и изолација на вирусот.
Применета е најдобрата вакцина во мигот, која веднаш го покажала своето антигено дејство.

Затворен е целиот аеродром, сопрени сите летови. Одредени политичари и авиокомпании вршеле жесток притисок да се олабави карантинот за некои авиони и патници што биле далеку од заразените, патниците и авионот кој ги донел.

Добиле негативен одговор откако го консултирале тимот лекари за тропски болести. Тотален карантин. Вирусот не смее да стигне до Париз. Нема толеранција. Кризата ја решиле на лице место. Еден починат. Ете така било.

Само анестезираната свест не препознава кога опасноста и е под носот. Таква е нашата. Затоа не не бидува. Се правиме многу паметни, а од носот подалеку не гледаме.”

Претходна статијаМиленко: Која е разликата помеѓу Трес-трес и Ало-ало правосудството?!
Следна статија(ФОТО) Викендов Љупчо Николовски прави свадба – се жени со убавата Андријана