Синоќа на социјалните мрежи беа објавени разговори од поранешниот пратеник и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, како разговара со уставни судии во врска со предмет во кој бил инволвиран неговиот татко.
Во врска со овие разговори, Милошоски на својот профил на социјалните мрежи објави:
,,Почитувани новинари, вечерва беа објавени 5 од 6 мои снимки, нелегално направени од УБК во 2011 година, во времето на Мијалков.
Дозволете да Ве известам дека го знам лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава. Тоа е лицето З.З., оној кој лажно тврдеше дека ги предал сите снимки на СЈО и дека не поседува копии од истите.
Господине З.З., со објавата на овие снимки докажавте дека без истите Вие не сте можеле да уценувате пратеници, да рекетирате стопанственици, да заплашувате сопственици на медиуми, и да бидете и обвинител, и премиер, и судија истовремено.
Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли.
Како дојдовте, така ќе си одите! Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес. Ќе Ве отворам како пупка! Се слушаме наскоро”
Новинарот Миленко Неделковски пак се прашува, која е разликата меѓу снимките на кои се слушаше Заев како алудира на некакви договори со судии и овие на Милошоски:
,,Лелееее независен “третиов столб” – судскава власт?!?! Кој како стигнал си се јавувал “да се информирал” до каде е работава!!! Може ли обичен граѓанин така да се јави кај претседател на Врховен, кај судија на Врховен или кај обвинители во СЈО.
Која е разликата помеѓу Трес-трес и Ало-ало правосудството?! Секој доблесен човек (за жал такви политичарите не се), после објавени Трас-трас и Ало-ало ургенци, би се повлекле од политиката и јавниот живот засекогаш. А и кривично би одговарале за злоупотреба на службена должност. Кое дно се политичариве?! Бесрамници.”