Ременски тргна против своите – ја споменува и јатрвата на Шекеринска

0

Фросина Ременски, поранешната пратеничка од СДСМ, тврди дека поранешниот директор на УБК Горан Николовски уште во ноември 2018 година знаел дека се случувал рекет на бизнисмени за што биле известени лично од семејството Камчеви, но до мај 2019 година не презел ништо.

Таа денеска по средбата со членовите на Антикорупциската комисија а во врска со нејзините пријави поднесени до комисијата, меѓу кои и една токму за Николовски, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека тоа е класично прикривање на кривично дело и дека се сомнева дека тогашниот премиер Зоран Заев и државниот врв знаеле за тоа.

Од СДСМ велат дека случајот „Рекет“ е во рацете на надлежните и очекува дека секој што го прекршил законот ќе одговара.

„Веќе неколкупати посочивме, а јавноста имаше и прилика директно да се увери, дека претседателот Зоран Заев го пријавил случајот со што директно овозможил институционално расветлување.

„Можеш да ме величаш колку сакаш, ако си се огрешил пред законот ќе одговараш“ е веќе препознаен став во јавноста кој кажува за одговорно однесување на премиер и на извршна власт во држава која работи на обезбедување на владеење на правото.“ – велат од СДСМ.

Ременски, која е обвинета во случајот „Рекет 2“, поврзан со делувањето на невладината организација на Боки 13, „Меѓународен сојуз“ вели дека не се чувствува предадена од својата матична партија СДСМ, туку од јавноста која, како што вели таа, повеќе се интересира за споредни случувања и имиња а помалку за суштината на случувањата. Таа им забележа на медиумите дека не известуваат еднакво за сите кои на било кој начин се вклучени во случајот „Рекет“.

Пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски денеска беше на работна средба со членовите на Антикорупциската комисија, за да како што изјави, се информира до каде е постапувањето по пријавите која таа ги поднела.

Првата пријава се однесува на овозможување на пензија на поранешниот заменик директор на БЈБ, Сиљан Аврамовски за кој Ременски тврди дека тоа било направено незаконски. Втората се однесува на аферата „АФИС“ а поврзана со набавка на опрема за потребите на лабараториите во МВР за што Ременски поднела кривична пријава уште во 2013 година. И третата пријава се однесува на имотот на кој што живее поранешниот директор на УБК, Горан Николовски.

За овој случај Ременски кажа дека Антикорупциска веќе констатирала дека директорот живее на имот на адвокатот на семејството Камчеви и дека останува да се доистражи можна корупција дали Николовски од позиција на директор влијаел врз случајот „Рекет”.

На крајот од минатата година Ана Камчева како сведок во „Рекет“ сведочеше дека неколку пати се сретнала со Николовски на кого му кажала дека ќе пријави дека е жртва на рекет.

На прашањето зошто се среќавала надвор од седиштето на УБК, таа рече дека немала доверба оти таму работел сопругот на Ременска, Јовче. Ременски уште потврди дека денеска со членовите на Антикорупциската комисија разговарале и за документите за кои таа јавно призна дека ги поседува а кои, според неа, докажуваа кој во Македонија шпионира и со тоа ги поткопува интересите на државата, пренесува 24 вести.

Фросина Ременски пред новинарите им забележа и на медиумите кои известуваат, зошто го споменувале дека треба да сведочи нејзиниот сопруг Јовче, а не ја споменале јатрвата на Шекеринска која веќе сведочела во предметот.

Претходна статијаТони Науновски бара ДПМНЕ да го избрише ВМРО од името: Тоа се шпагети и манчмалоу војводи
Следна статијаПозната српска манекенка открива како ја третираат поради сомневање дека има Корона