Јанко Бачев му нуди коалиција на ВМРО-ДПМНЕ но поставува услови: Договорот за името да биде поништен

0

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса на синоќешната седница расправаше за настапот на партијата на изборите на 12 април. На седницата беа донесени следните одлуки:

Во изјава за медиумите, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече:

– „Единствена Македонија како автентична национална и патриотска партија која во основа се бори за македонските национални и државни интереси денеска на седницата на Централниот комитет донесе заклучок да упати јавен повик до ВМРО-ДПМНЕ за коалициски настап на изборите на 12 април под следните услови:

Поништување на договорот со Грција за промена на името; поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија, попис, поништување на двојазичноста, односно, службен јазик македонскиот јазик и кирилското писмо, доколку коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија освои 61 пратеник формирање влада без учество на албанска партија.

Ние силно веруваме дека овие определби се достижни и остварливи и декам коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија на изборите ќе однесе убедлива победа со повеќе од 61 пратеник што дава можност согласно Уставот за формирање самостојна македонска влада која ќе ги поништи антимакедонските договори кои се спротивни на меѓународното право.

Оваа коалиција може да го обезбеди опстанокот и просперитетот на народот и државата. Тоа што Заев кажува дека преспанскиот договор е непроменлив, народот нека го заборави оти Заев лаже.

Договорот е ништовенспоред меѓународното право и потребна е само нова анродна власт со оперделба да го поништи договорот. Ќе го чекаме Мицкоски 48 часа да се произнесе по оваа наша понуда по што Единствена Македонија во среда ќе го каже конечниот став за настап на изборите„ – истакна Бачев.

Претходна статија(ВИДЕО) Во Штип на ден пред пуштање на новиот мост се направи сефте со чочек и плех музика
Следна статијаВо најава наплив на голем број непосакувани гости во Македонија: Властите веднаш се огласија