Во 2020 со забрзано темпо се распаѓа Скопје 2014 – вчерашниот ветер откри нов неквалитет при изградбата

0

Порано овој месец, медиумите пишуваа за фотографиите кои ги објави портпаролот на владеачката партија, Костадин Костадинов, за тоа дека во време на минатата власт, кога премиер беше Никола Груевски, се градело неквалитетно.

Тој тогаш го обвини порнешното раководство на државата дека по нивна заслуга се распаѓаат објектите за кои се потрошени народни пари.

Вчера во Скопје дуваше силен ветер и на површина излезе повторно неквалитетот во изградбата на грандиозниот проект Скопје 2014. Но дали е виновен Никола Груевски за тоа како се градело?

Сигурно НЕ. На одговорност треба да се земат изведувачите и надзорите и да се проверат условите за градба на тендерите. Сигурно во 21 век некој свесно не барал наместо квалитетни материјали, да се става стиропор. Но затоа треба да се провери, пред да се носат заклучоци.

Сепак, можеби најкоментирана мерка од владеењето на Никола Груевски, беше проектот ,,Скопје 2014″.

Треба да се потенцира дека со овој проект, се изградија многу улици и објекти кои ќе останат за навек. Но пренатрупаноста и ,,кичерајот” им ги отвори устите на неговите противници.

И најважното. Неквалитетот при изградбата! Ова последното излегува на површина, како поминуваат годините. Граѓаните со право се прашуваат, каде отишле огромните финансиски средства, ако главен градежен материјал бил евтиниот стиропор и гипсот.

Граѓаните утрово на социјалните мрежи споделуваа фотографии од објектите кои се граде при проектот Скопје 2014.

Распаднати фасади од силниот ветер, при што на површина повторно излезе стиропорот и неквалитетните материјали.

Претходна статијаПродавачки од Скопје сведочат за тоа што се случува со фрлените фискални сметки
Следна статијаНе се само патниците од комбето: Венко Филипче откри колку пациенти се во изолација