Јоци објави кој ќе бидат носители на листи од ВМРО-ДПМНЕ – потенцираше дека листата е неофицијална

0

Како се приближува 12 април, денот одреден за предвремени парламентарни избори во нашата држава, така почнуваат комбинаториките и нагаѓањата кој ќе се најде на водечките позиции од листите кои ќе ги предложат партиите.

Многумина се надеваат на добитно место, но изборот ќе мора да биде стеснет. Денес се огласи професорката Тања Каракамишева, која вели дека нејзините информации се дека било општа ,,тепачка” кој да биде на листа.

Каракамишева едно време беше неизбежен придружник на лидерот на опозицијата Мицкоски, кога тој учествуваше на лидерски средби, но наеднаш мја снема од тоа друштво.

Таа продолжи да биде активна на социјалните мрежи и во едем период дури и отворено зборуваше против политиките на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, што многумина го протолкуваа како револт поради тоа што не беше кооптирана во највисоките структури на оваа партија, туку напротив, беше комплетно маргинализирана и игнорирана од опозицијата.

Таа во својот статус вели:

,,Слушам општа тепачка било кој да биде на листи за пратеници, кој на кое место да биде.

До кубење коси, оговарања, мајки шајки, подметнувања, лажења, гребење кај лидерите, измислување афери и што уште не. Аман луѓе, опрајте се, дишете свеж воздух, измијте го мозокот, детоксифицирајте се!”

Од друга страна, новинарката Јорданка Ивановска Јоци, која јасно и недвосмислено дава до знаење дека ,,навива” за владеачката СДСМ, објави имиња за кои смета дека ќе бидат носители на листите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, таа потенцираше дека ова се неофицијални листи:

,,Неофицијална листа на ВМРО-ДПМНЕ за носители по изборни единици. Да не се потресат од партијата, потенцирам неофицијална. Која не значи и конечна. Борко ни го имет снемано. Да се надеваме че се појавит.

Ако нешто сакаат да демантираат од партијана на Мице, молам после 12 часот, пошто јас спијам до покасно, па пијам кафе саат време. И така.

ИЕ 1: Гордана Силјановска/Тимчо Муцунски. ИЕ 2: Владо Мисајловски/Рашела Мизрахи. ИЕ 3: Сашко Кедев (сопруг на Ганка С. Цветанова)/ Игор Јанушев

ИЕ 4: Александар Николоски/ Ане Лашковска ( ? позната по изјавата – ,,и најлошиот вмровец е подобар од најдобриот сдсмовец). ИЕ 5: Игор Дурловски (пејачот кој никако да научи политика) / Антонио Милошоски. ИЕ 6: Илија Димовски/Влатко Ѓорчев.

Или што би рекол Груевски од некој сплав на Дунав – ,,пусти нека слике говоре”.”

Малку чудно е што Јоци шпекулира со имиња за носители на листи од страна на опозицијата, а не од владеачката коалиција, бидејќи нели, таа во последно време потенцира дека од ,,дете” е во СДСМ и сака тие да победат, па логично би било да ги објави нивните листи. Но, очигледно не располага со прецизни информации од Бихаќка.

Претходна статијаНе можеше да ми роди и ја избркав, таа веднаш се премажи и има близнаци – личат на мене, мислам дека се мои
Следна статијаНастан кој го расплака регионот – Маја ја посвоиле, па кога добиле свое дете ја вратиле назад во дом