Економската состојба во поранешните комунистички држави е отприлика иста. Еве Бугарија на пример е член на Европската унија, но и таму граѓаните не можат да се пофалат со некакви којзнае какви примања. Напротив!
Тоа е земја во која цели села, па и градови се испразнети. Луѓето поради можноста со нивниот пасош непречено да патуваат и работат во Евроспките држави, масовно се иселуваат.
Романија е сличен пример, Хрватска исто така. Грција, која е стара членка на Европската унија пред неколку години беше на работ на банкрот, а нејзините жители исто така се жалат на мали примиња, особено пензионерите.
Да бидеме реални. Со основна пензија не може нормално да се живее ниту во Соединетите Американски држави. Доколку немате доволно години на стаж, таму пензијата би ви била околу 650 долари, пари со кои можете нормално да функционирате само десетина денови во месецот.
Но, што е разликата. Во Америка пензионер може многу лесно да најде работа и да заработува дваесет долари од час, со што би си овозможил пристојна дневница. Во последно време пензионери ангажирани од општинските власти ги регулираат крстосниците кога поминуваат деца кои одат или се враќаат од училиште и заработуваат по дваесет долари на час.
Во нашата држава секоја власт прави некакви напори за зголемување на благосостојбата на граѓаните, но засега сето тоа се неуспешни обиди. Последната владеачка гарнитура воведе мерка за поврат на ДДВ на граѓаните, нешто што барем засега, колку и да е критикувано од страна на опозицијата, функционира.
Но од друга страна, жално е да се гледа народот, како во безизлезна ситуација се фаќа за сламка. На ваков статус денес наидовме на социјалните мрежи:
,,УПМ нек се носи се, сега пред ,,Зебра” една женичка, така пристојно облечена, се гледа дека не е некоја опајдура, ми пријде и ме преша дали може да и ја дадам фискалната сметка…
И нормално и ја дадов, си напраивме муабет, докторка во пензија била, која транзицијата и ев ала мајката со 13 000 денари пензија. Кога ја гледав, ко да ја гледав мајка ми.
Пошто и мајка ми си ги собира фискалните и се јавив на мајка ми. Таа ми рече дека престанала да ја игра таа игра, па ги запознав телефонски мајка ми да и ги дава нејзините фискални. И така се раздвоивме.
Јас целиот замислен си викам во себе, па добро бе мајкуму до кај отиде работава. Се у п.м, никогаш ништо нема да се смени. Само полошо ќе биде. Сите памтете ми ги зборовиве, бар дур сме ние живи, ваљда за децава што ги направивме ке се опраат некои работи, што чисто сумњам.
Фала многу и пријатно, убава саботна вечер и ако сакате вечер убаво да си поминете без педесет евра не искачајте..зошто со помалку пари сте само нем посматрач. Доста паметуев, едносѕавно љут сум…”
(името и презимето познати на редакцијата на Галама)
Петар П. Фото: Илустрација