Сопругата на Јохан, Соња со преемотивна порака кон ќерка си: Како вчера да беше мила Мелани

0

Фолк пејачката Соња Тарчуловска и го честиташе роденденот на својата ќерка Мелани, неможејќи да се изначуди кога поминале годините:

,,Мелани како да беше вчера, кога се појави на овој свет. Го паметам моментот кога те погледнав за прв пат.Ти си нашиот живот.Среќен 15 ти Керко!”

Инаку Соња Тарчуловска е сопруга на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски кој осум години помина во Хаг.

Последно јавно обраќање на Соња Тарчуловска до јавноста беше во 2017 година, кога од страна на тогаш новите власти беше објавено дека поранешната власт и исплаќала по пет илјади евра месечно:

Отворено писмо до јавноста испрати сопругата на Јохан Тарчуловски, Соња Тарчуловска, откако беше објавено дека „Семејството на Јохан Тарчуловски месечно примало по 5.000 евра од државниот буџет“.

Дел од медиумите објавија и документ кој укажуваше на фактот дека оваа сума била исплаќана на семејството.

Во писмото таа пишува дека никој не бега да одговори на прашањето за надоместокот за трошоците околу патувањата во Хаг.

„Одговорот требаше да го побарате кај мене, Соња Тарчуловска. Еве јас ќе ви кажам. Во периодот од 8 години додека Јохан Тарчуловски лежеше затвор за Македонија, секој месец државата ни исплатуваше надомест од 5000 евра. Душегрижници прочитајте добро. Еве Ви ја пресметката :

Јас Соња Тарчуловска, Мелани и мајката на Јохан. Авионскиот билет чинеше 800 евра x 3=2400. Најевтиниот хотел во Хаг чинеше 150 евра од вечер за тројца по 7 дена, 1050 евра. Транспортот од хотелот до затворот во два правци чинеше 40 евра, значи 280 евра. Секој месец по 1000 евра префрлавме на сметка во затворот за прехрана и телефонски картички, тоа се 4730 евра.

Со останатиот дел од 270 евра преживувавме месечно во Скопје. Ова воопшто не е правдање и немам намера никому да се правдам, но бидејки јас и моето семејство бевме повикани да не оцрните, наводно сме се богателе од државна сметка, не можете да не оцрните. Знаете ли зошто? Затоа што нас не можеше да нѐ скрши и оцрни и затворот. Нас нѐ не раздели и душманот.

Не можете да ги оцрнете и скршите нашите деца, затоа што растеа без татко додека вие ги гледавте вашите секој ден. Со ни една изјава не успеавте и нема да успеете мене како сопруга и мајка да ме омаловажите дека сум неморална. А да не заборавам да одговорам на сите оние кои беа загрижени дека мојот сопруг ме фрлил од тераса. Само едно ке ви кажам:

НЕ, ЈОХАН НЕ МЕ ФРЛИ ОД ТЕРАСА. Може да сонувате да имате брак како нашиот и никогаш не би се избориле со искушенијата низ кои поминавме ние. Ова е мое прво обраќање после 5 години.

Верувајте ниту една дечја солза невреди за никакви пари. Ниту една изгубена младост не вреди за никакви пари. Ниту една празнина и страв не се надополнува со пари. За крај ние не предадовме никого, нас нѐ предадоа“- напиша тогаш Тарчуловска.

Претходна статијаПо денешните пријави од граѓани дека добиле дојдовни повици од непознати броеви се огласи Ременски
Следна статијаСе огласи Вице Заев, братот на Зоран Заев: Oва се измислици и конструкции – демантирам јавно