Глигоров: Сме имале различни додавки на името Македонија – дали сте приметиле дека немало разлика во стандардот

0

Венко Глигоров: Наместо само Македонија, ризикот е дека ќе се изгуби целосно Македонија во називот.

Добро е што е разрешена Министерката. Мандатот на технички министер не е да бистри висока политика туку да спроведува активности за непречени и демократски избори, да спречува злоупотреби во предизборниот процес, мамење гласачи и слично… Демагогии не се потребни:

Ќе се потпишувам на меморандуми како Северна Македонија, ќе седам во Влада на Северна Македонија, ама ќе ги бојкотирам уставните одредби???!!!! Како бе така?

Инаку, сме имале различни имиња на држава во кое се содржело името Македонија. Дали сте приметиле дека нема разлика во благосостојбата и стандардот? Зошто нема, сте се запрашале? Дали мислите дека ако нашето име е Македонија (чисто без никакви додавки или префикси) ќе ни тргне?

Па како може да има подобрување кога и сега, при моментално затворени прашања околу името и отворање на „рампите“ по светов, постојат луѓе кои трошат наши пари за да ја враќаат топката назад? Што, демек нема други теми па ни остана повторно, наредните десет години да се занимаваме со името!!???

Да се разбереме … Лично и партиски, кој како сака нека си го троши времето. Но кога е во прашање државата и нашите пари, од министерката се очекува да си ја врши работата за што е назначена и платена. Ако има целосен мандат, да создава услови за подобрување на животниот стандард. Доста е пљампање, името па името …

Инаку мислам дека е бесцелно времето да се губи за името во наредните ДЕСЕТИНА години. Сега треба да се работи на етаблирање на Македонија во европските текови, да се стабилизира како земја (зошто може да остане без луѓе воопшто – не му се смејте на „небањатион“ од парламентот кога кажува за 1М африканци, видовит е), да создава и унапредува пријателства со државите, да работи на зајакнување на економијата.

Сето ова го врзува цврсто македонското државничко ткиво и ги зголемува драматично лобирачките капацитети … Во меѓувреме ќе се сменат сегашните генерации на политички елити во светот, ќе се создаде друг контекст, па би можело да се зборува за прилагодување на името на новонастанатата состојба.

Но, ако си клекнат, изнемоштен од меѓупартиски јалови борби/дебати, ако не си работел на зајакнување на државата, на унапредување на човечкиот потенцијал во самата Македонија, после десет години – реално е да се очекува да се изгуби називот на Македонија во севкупното користење на нашата држава.

ПС Јас не сум најсреќен за изборот на името ама сум задоволен што оваа тема што го трошеше времето 30 години се затвори … Да гледаме напред и да создаваме услови за подобар живот.

Затоа сум поборник за брзо решавање на ваквите случаи. Дури и би си ги побарал 5те илјади евра што ги понуди сега веќе разрешената Министерка. < 3 МК

Претходна статија(ВИДЕО) Се вжештува атмосферата во собранието: Затни ја устата – срам да ти е
Следна статијаОва што ќе го кажам не значи дека им се упикувам на жените, туку нешто друго