На актерка од Преспав не и беше дозволено да замине во Германија – таа раскажува што се случило на Скопскиот аеродром

0

Емра Куртишова е актерка вработена во театарот за деца и младинци. Во 2009та година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје, во класата на проф. Владимир Милчин и асс.Сузана Киранџиска. Дипломира со претставата “Вртелешка” од Артур Шницлер во улога на Слатката девојка.

За време на студирањето дел е од значајни работилници за размена на искуства во три фази – Македонија, Германија и Франција предводени од проф. Владимир Милчин. Пошироката јавнмост ја запозна како Исаура во ТВ серијата „Преспав“.

Емра доживеа непријатно искуство на скопскиот аеродром, кога од службеник била вратена назад во државата, поради неисполнување на условите за патување во земја на Европската унија.

Од МВР велат дека никогаш не постапувале селективно со македонските граѓани, без разлика на која групата припаѓаат.

„Во конкретниот случај на лицето не му е дозволен излез од РМ согласно чл 15 ст 4 од законот за гранична контрола. Имено по извршената пасошка контрола и проверката во евиденциите надлежниот полициски службеник извршил разговор околу целта и мотивот за патувањето.

Истата појаснила дека патува во посета на роднини и планира да остане до 27 август за што приложила и повратен авиобилет. Сепак немала доволно парични средства во однос на планираниот престој односно покажала 450 евра. Не поседувала ниту хотелска резервација ниту пак соодветно гарантно писмо.

Секојдневно МВР се соочува со слични проблеми најмалку по неколку македонски државјани кои ги враќаат од границите на членките на ЕУ заради фактот дека не поседуваат доволно парични средства. Имено во просек членките на ЕУ бараат околу 50 евра дневно“ стои во соопштението на МВР.

Верзијата пак на Емра е поинаква. Таа за Канал 5 телевизија, вели дека требало да патува кај нејзината сестра во Германија и таму да остане до 27 август.

Актерката раскажа дека имала уреден повратен авиобилет и потврда од театарот каде што работи, но на пасошка контрола и го оспориле гарантното писмо и тоа дека парите што ги носела со себе не биле доволни за престој.

„Им го дадов гарантното писмо, но беше копија, зашто градот каде што живее сестра ми не издава гарантни писма бидејќи е туристичко место“ – изјави Куртишова за Канал 5 телевизија.

Актерката истакна дека не добила ниту некаков официјален документ зошто е вратена. Таа изјави дека во текот на следните денови ќе се јави и ќе побара објаснување кај сите надележни институции.

„Суштината е чиста дискриминација… Очигледно беше дека човекот бара влакно во јајце. Имаш ли гарантно писмо – велам имам, имаш ли потврда од работа – имам, имаш ли кеш? – имам 500евра. Ми вели, тоа е многу малку. Значи според нив требало да имам 50 евра од ден.

Дали требаше да патувам со 4000 евра, а во гарантното писмо кое што воопшто не го ни прочита службеникот, пишува дека финансиски ќе ме издржува сестра ми – изјави Куртишова.

Претходна статијаДо тука било – Северина го избриша презимето Којиќ од сите профили
Следна статијаМакрон со топло-ладно изјава во врска со давањето датум на Македонија во март