Една од нашите најпознати водителки, Јелена Спенџарска, речиси секојдневно ја гледавме на малите екрани во изминатите десетина години. Спенџарска остави траен белег во утринските контактни емисии.
Почетокот не и беше баш најдобар. Редовните гледачи ќе се потсетат на нејзиниот инцидент со еден гледач, кога непристојно му одговори, а потоа таа беше симната од програмата и суспендирана од телевизијата каде што работеше.
Но, Јелена е доблесна девојка, која знае и да се извини за грешките. Па така, таа му отиде дома на гледачот и му се извини. По овој нејзин потег, беше вратена на малите екрани.
Јелена Спенџарска пред неколку денови со свој статус на социјалните мреѓжи ги изненда своите фанови, со најава дека ќе замине од Македонија.
Таа не прецизираше дали заминува на кратко, но потенцираше дека не се сели. Имено, Јелена се пофали дека добила виза за Америка:
,,Никогаш не сум била во Америка, не зашто не сум сакала, туку едноставно чувствував во себе дека не ми е вистинското време за таму.
Не знам како конкретно да ви го објаснам ова. Нешто ми кажуваше да почекам зашто денот кога ќе стапнам таму ќе биде буквално остварување на се што претходно си имам замислено за себе и својот живот.
Чекав многу години и слушав разни ваши приказни каде сте биле, како сте поминале, што сте виделе и доживеале и никогаш не бев нестрплива и никогаш не се запрашав кога ли е моето време. Никогаш. Само знаев дека ќе дојде.
Бев на интервју кај една толку прекрасна госпоѓа во амбасада која со насмевка ме праша неколку прашања поврзани со моето патување таму. Не поминаа ни пет минути, а јас веќе слушнав од неа – Enjoy your stay !
Така се насмеав од срце, излегов од просторијата и тие отприлика сто скали до другата просторија кај што ми беа личните работи ги поминав со солзи во очите. Надвор истураше, а мене ми беше преубаво.
Немате појма колку бев возбудена и колку му бев благодарна на животот за тоа мало зелено ливче кое го имав во рацете на кое пишуваше visa approved !
Знам дека сега ќе си речете – ‘Еее голема работа добила виза’ , но не е баш така. Јас емотивно сум врзана за оваа виза и таа е голем, голем дел од мојата душа и уште поголем зашто се случува во вистинско време кога во мојот живот се случуваат големи трансформации.
Не се селам, да се разбереме, одам малку да прошетам и да одморам. Уште поинтересно е што тој одмор ќе биде на океан, во бикини практично уште еден сон кој ми се остварува од години нананзад.
Одиме со сестра ми и Љубљана во недела наутро. Ќе биде забавно долгото патување со малата со оглед што се ја интересира и се сака да види и да фати.
Имам толку многу да напишам, но би сакала да скратам. Само сакам да знаете:
– Можеш да бидеш СЕ што ќе посакаш! – Можеш да имаш СЕ што ќе посакаш! – СЕ во животот е возможно! California, here we come!”
Но, само неколку денови подоцна, Јелена пишува нов статус:
,,Кучињата лаат – караванот си врви. Уште еден исполнет american dream!”
Па во коментар дополнува:
,,Родена сум за тука!”
Дали ова значи дека на Јелена Спенџарска толку многу и се допадна Америка, па почнала да размислува за останување, ќе покаже времето.
Во секој случај, од фотографиите се гледа дека таа навистина ужива!
А кој не би уживал во прекрасната Калифорнија. Во оваа Американска држава владее вечна пролет и сон на секој Американец е да живее овде.
П.П.