Миленко: Јас сум израснат со Американска музика, култура, аута – да, јас сум Американофил

0

Статус на Миленко Неделковски:

,,Последно за вечерва: Јас сум израснат со американската поп култура. Музика, облекување, аута, однесување, стрипови… Со здрава американска а не болна длабокодржавна идеологија.

Израснат сум со американски анти-воени филмови, пораките од тие филмови и нивните автори: Коса на Милош Форман, МЕШ на Роберт Алтман, Апокалипса на Копола, Ловец на елени на Чимино, Роден на 4-ти јули на Стоун…

Да, јас сум американофил, ама од оној здравиот дел на Америка.

На пример, идоли ми биле Френк Синатра и Дин Мартин! Зошто?

Затоа што биле мажи а не пи чки. Нивната музичко-шоу-забављачка група Рет пек (Група на стаорци) во состав Синатра, Мартин, Семи Дејвис и Лафорд биле исклучително заслужни за председателската победа на Џон Кенеди. Френк и Дин биле викнати на прославата за претседателската инаугурација, ама не и Семи Дејвис Џуниор оти бил црнец.

И така, Дин и Френки не му отишле на забавата на Кенеди, кој го еве рекле. Не го вика Семи, не му одиме и ние. Идоли ми биле и Марлон Брандо и Џорџ Скот.
Зошто? Затоа што биле мажи а не пи чки.

Брандо одби оскар за Кум борејки се за правата на индијанците. Скот одби оскар за Патон тврдејки дека таа награда е глупост бидејки смета оти секоја глума е посебен и уникатен чин и неможе да се споредува со друг таков чин.

Америка, односно САД се и Линдон Ла Руш, Ноам Чомски, Киану Ривс… Таа е мојата Америка.

Но НАТО не е мојата америка. НАТО ќе ги проголта вашите деца како утробата на авионов во овие епски кадри на Милош Форман.”

Претходна статијаНајчевска го направи пуздер Маневски: Овој закон се носи за таквите како тебе
Следна статијаОва треба да го направите за да добиете Германско државјанство или постојана виза