Од говорницата во СДСМ Заев порача дека Бојан Јовановски, познат на јавноста како Боки 13, треба да одговара.
„Можеш да бидеш газда на провладин медиум, можеш да ме величаш колку сакаш, си се огрешил пред закон – има да одговараш“, рече Заев.
Со пријавата на случајот Заев вели дека дал можност да фунцкионира правната држава, за разлика од Никола Груевски.
„Кога зборувавме за милијарди, слушнавте ли тогаш Никола Груевски да пријави некој случај? Има разлика. Премиер може да забошоти ако сака или да покаже како треба да функционира државата.
Прашањето е како постапува државата кога ќе се случат вакви случаи Тоа е разликата дали сме европска земја или припаѓаме на минатото“, рече Заев.
Оваа негова изјава доаѓа по денешното читање на коресподенцијата која тој ја имал со сега обвинетиот Бојан Јовановски:
Тогашниот премиер му враќа дека како претседател на Влада се залага за правна држава.
-Боки ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен. Извини, но грозно е!, напишал Заев.
Јовановски пак му пишува:
-Уште еднаш да размислите и да ме примите на една средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име, пишал Јовановски.
Заев, пак, му враќа:
“Ова не е дозволиво. Ова е чист рекет!”
Во денешната изјава Зоран Заев јасно и порача на јавноста да направи споредба меѓу него и неговите претходници, кои според него ги криеле и забошотувале ваквите појави во општеството.