Катица Јанева и сноп банкноти од по 500 евра се забележуваат на фотографијата презентирана пред судот, а која настанала на 4 февруари минатата година во нејзиното престојувалиште, каде што беше уапсена по отворањето на предметот „Империја”.
Низа од фотографии беа презентирани од обвинетата Катица Јанева. Дел од нив се направени во нејзиното престојувалиште во Скопје, но и во просториите на СЈО каде се гледа како држи документ кој подоцна при претресот во нејзината канцеларија е одземен од Обвинителството за гонење организиран криминал и е дел од доказите. Јанева на фотографиите најчесто седи на гарнитурата, која исто така е одземена од нејзиното престојувалиште при нејзиното апсење.
Пред Јанева на масичката освен парите има и слатки, пепелник, цигари.
Меѓу фотографиите кои се докази ја има и Катица Јанева фотографирана во ресторан „Ден и ноќ”, како се обидува да стави плик во чанта.
Се презентираа и снимки, на кои Јанева вели: „Што ќе одлучи ќе видиме”, додека пред неа стои снопче со пари во апоени од по 500 евра.
Снимките и сликите се извадени од телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски, со вештачење направено од МВР. По презентирањето на доказите, Јовановски пред судот кажа дека истите се небитни и дека не се поврзани со диспозитивот од обвинението.
Кодното име на Јанева било „Мајка“ во разговорите меѓу адвокатот Димишков и Јовановски.
Комуникација меѓу лице потпишaно како Васе и Бојан Јовановски преку телефонот на обвинетиот, кој беше даден на вештачење се читаа во судницата на рочиштето за „Рекет”.
Станува збор за комуникација помеѓу адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова кој беше споменат и во сведочењето на Ана Камчева.
Во комуникацијата се споменува и псевдонимот „мајка”, од која чекале да стигне нешто, не прецизирајќи за што станува збор. „Мајка” е кодното име на Катица Јанева, кое го употребувале Димишков и Јовановски кога зборувале за ексспецијална јавна обвинителка.
Во пораките се разменувале и документи од СЈО, односно мислења кои се давале до судот. Ваква порака испратил обвинетиот Јовановски.
„Сѐ уште чекаат да стигне од кај мајка“, пишува во една од пораките испратени од Васе кон Бојан Јовановски, а потоа преку нова порака пишува „Извини, може ли да ја потсетиме мајка?”.
Целиот текст прочитајте го на Нова Македонија