Го прашаа дали ќе има избори во април, па Костадин одговори: Зошто ВМРО избега од избори во Декември?

0

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Прашање Дали постои можност за одлагање на изборите ?

Одговор На самата лидерска средба кај претседателот беа јасни сите политички партии кои учествуваа на лидерската средба, дека приоритет на секоја политичка партија , без разлика власт или опозиција ќе биде подобрувањето на животот на граѓаните.

Кога имаме ситуација кога најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин се обидува да го блокира покачувањето на платите, на секој можен начин имавме прилика да видиме како Влатко Ѓорчев кој што ја има честа да ја води комисијата за труд и социјална политика , се обидува да го кочи зголемувањето на пензиите , се обидува да кочи системски закони во државата важни за граѓаните, тогаш за што правиме муабет. Нека се охрабрат, нека се издигнат над оние дневнополитички нивни интереси за кои си дебатираат во белиот дворец изграден со народни пари.

Да ги поддржиме граѓаните пред се како политичари одговорни овде во Собранието и да одиме на мегдан, никој не бега од избори. Од таа причина на самата лидерска средба Зоран Заев инсистираше на брзи избори во декември, избори од кои ВМРО-ДПМНЕ избега, а сега овде обвинуваат дека буџетот бил популистички, дека зголемувањето на пензии било популистички, дека зголемувањето на платите било популистички.

Не е популистички ништо, заради тоа што ние како одговорна власт во рамки на влада, во рамки на парламентот мораме да работиме и мора да носиме политики добри за граѓаните. Дали можеме без буџет да функционираме, еве вие кажете. Ама откако избегаа од избори сега ова бил популистички буџет, нека прифатеа, зошто не прифатија избори во декември?

Избегаа затоа што знаат, знаеја и тогаш а знаат и сега, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен губитник на наредните предвремени парламентарни избори. Тоа му е јасно на Христијан Мицкоски, тоа им е јасно на сите во белата палата.

Тоа се причините заради секојдневните обвинувања, тоа се причините заради секојдневните лаги, тоа се причините за тоа што поттикнуваат национализам кој што не ни треба во моментот, а се однесува и на нашите сограѓани албанци, затоа од друга страна ја гледаме и поддршката што ја имаат од албанскиот блок како гласачи, заради тоа што кога одат при странски посети, а тоа јвно го видовме и со Бојко Борисов како го поддржи договорот со Бугарија, а само после два дена се враќа овде во нашата држава и ги лаже и ги манипулира граѓаните дека договорт ќе го укине.

Најавува дека ако дојде на власт ќе го укине преспанскиот договор, манипулира со граѓаните. Не му смета во Европската народна партија кога му стои на беџот Република Северна Македонија, кога разговара со Бојко Борисов за договорот со Бугарија е под чадорот на Република Северна Македонија во спротивно ќе ги отфрлат како партија таму, нема да постојат таму.

Сето тоа лицемерие не само што оди на штета на ВМРО-ДПМНЕ, туку ги поткопува стратешките интереси на државата. Од таа причина повикуваме да престанат да манипулираат со граѓаните или нека излезат со конечен и конкретен став или го поддрѓуваат нашето уставно име или ќе бидат лицемери и уште од сега нека го признаат изборниот пораз кој што им следува.

Претходна статијаНово сведоштво од хигиеничарката од Лозово: Ме казнува зошто мијам шољи, па ме казнува зошто не се измиени
Следна статијаЏандар од Струмица изигравал шериф – барал да му се исплати тикет од спортска без да се легитимира