Овој април, љубовниот живот на следниве хороскопски знаци ќе биде сè освен монотон. Од неверојатно брзо вљубување и будење на страстите, па сè до неочекувано запросување, овие хороскопски знаци ќе имаат вистинска љубовна авантура.
Лав
Април ќе биде романтичен месец, а некои Лавови ќе имаат бурен сексуален живот. Повеќето Лавови ќе почувствуваат потреба за поголема близина со партнерот и за отворена и подлабока комуникација. Ова е одличен период за Лавовите кои се во долга врска или во брак. Во последните денови од месецот, ќе разговарате за долгорочни планови со партнерот. Доколку пак сега започнете врска, можно е да бидете заведени од личност што само сака да ве искористи, затоа бидете внимателни.
И социјалниот живот ќе ви биде навистина активен, па можете да запознаете пријатели од странство, но и некоја личност којашто ќе ви се допадне. Само немојте да брзате и уживајте во платонската врска. До август 2019-та година, би било добро да размислите како ги искажувате вашите чувства и во која насока сакате да се развива односот. Доколку сакате премногу пребрзо, сега треба да забавите.
Размислете за врската и средете ги проблемите и несогласувањата кои се трупаат уште од минатиот ноември. Можеби ќе размислите и за некоја стара љубов, која со текот на времето се претворила во пријателство.
Водолија
Овој месец ве очекува спектакуларен љубовен живот. Ќе водите мудри разговори и ќе се однесувате провокативно со потенцијалните партнери. Само немојте да претерувате и избегнувајте ја агресијата за да не создадете непријатности. Најдете подобар начин на комуникација и бидете отворени и прилагодливи. Немојте да го наметнувате само вашето мислење.
Ненадејното познанство и привлечноста што ќе ја почувствувате може да резултира со нова врска во втората половина од месецот. Доколку сте во брак, ќе им се посветите на домот и на семејството. Ќе барате внимание од саканата личност и ќе имате потреба за близина. Доколку досега не сте се сложувале, ситуацијата конечно ќе се подобри.
Скорпија
Во првата половина од месецот ќе преовладува романтиката и ќе бидете навистина страсни и желни за авантура. Саканата личност ќе ги добие вашите доверба и внимание, а постарите парови одново ќе се вљубат еден во друг. Ќе сакате да ја издигнете љубовта над физичкото ниво и вашата врска ќе стане подлабока. Многу Скорпии ќе почнат да ја гледаат нивната сексуалност на сосема нов начин.
Можеби сега е време да разговарате за чувствителните теми кои ѝ наштетиле на вашата врска. Можеби сега е време да го кажете она што сте го избегнувале, со цел да ѝ дадете шанса на врската. Доколку сте сами или тајно вљубени во некого, искористете ја поволната положба на планетите до 20-ти април и обидете се да ја освоите саканата личност. По 20-ти април, Скорпиите кои размислуваат за брак ќе разговараат на ова тема, а можно е да дојде и до запросување.