Амбициозна, дисциплинирана, организирана, трпелива, одговорна, практична, одлучна… сето ова и уште многу повеќе е жената Јарец. Како типична претставничка на групата земјени знаци, таа стои цврсто на земја и не е склона кон сонување и фантазирање. Поради својата огромна амбициозност, постојано оди напред, оставајќи ги неуспесите зад себе, цврсто чекорејќи по патот што го замислила.
Дали знаете пред кого стоите? Бидете сигурни дека наскоро и доброволно ќе клекнете, кога ќе сфатите за каква жена станува збор. Она што секој просечен маж би го исплашило, таа ќе го изнесе достоинствено и ненаметливо, за што секој маж би се запрашал дали воопшто е достоен да биде со неа. Ако се случи љубов, бидете сигурни дека ќе има силен оган кој ќе биде одржуван од нејзината одговорност, должност и посветеност. Со неа секој ден станувате подобри и подобри, додека еден ден не сфатите дека од крастава жаба сте прераснале во принц, благодарение на оваа жена.
Сѐ што жената Јарец бара од другите е тие да покажат карактер и истрајност, а таа многу доброволно ќе им даде пример како да го направат тоа. Многу строга личност е, но и праведна. Нејзините деца еден ден силно ќе владеат со себе и со светот околу себе.
Жената Јарец е подготвена да направи сѐ што е во нејзина моќ за оние кои го сака, но мажот кој го има избрано мора да ги исполнува нејзините потреби. Таа знае да се грижи за себеси и да биде самостојна – има свој стил на облекување, чиста е и педантна, и помалку формална.
Иако се плаши од заљубување, тоа не ја спречува често да се заљубува. Нејзината надворешност прикрива длабоки чувства и емоции кои таа ги чува за луѓето кои ги смета за посебни. Доколку не ви обрнува внимание, тоа значи дека ништо не и значите, бидејќи токму така таа ги дели луѓето во својот живот. Не губи време на луѓе кои не ја привлекуваат, кои немаат харизма и кои и делуваат безлично.
Жените родени во овој знак иако имаат проблеми да ги покажат своите вистински емоции, спаѓаат во оние емотивни личности и често паѓаат во длабоки и темни нерасположенија поради нивните чувства. Жената Јарец мрази неискреност од дното на душата, а ако почувствува дека е излажана, не губи време, туку веднаш ги прекинува нештата.
Таа секогаш цврсто стои со двете нозе на земја. Кога бира партнер, не верува во бајки, туку и е потребна емоционална и финансиска стабилност. Често, дури и да наиде на принцот на бел коњ постојано ќе го става на тест, не верувајќи дека тој е вистински.
На многу луѓе им е тешка нејзината резервираност и студен поглед. Но, понекогаш само со еден допир или движење можете да ја симнете нејзината маска.
Неверојатно силна, жената Јарец може да ги препроди сите животни препреки и за сите работи веднаш може да најде решение. Дел од својата амбициозност е решена да жртвува само поради едно нешто – семејството. Кога не е нејзин ден, може да биде тврдоглава, нерасположена, срамежлива и песимистична. Во нејзина природа не е да се заљуби на прв поглед, ниту пак да губи време на бесмислен флерт за кој знае дека не води никаде.
Љубовта за неа е сериозна работа и ако некоја личност ѝ се допаѓа, тогаш таа ги презема работите во свои раце и се погрижува да го добие мажот кој го посакува.