Луѓето родени во овој знак не му дозволуваат никому да ги спречи во остварувањето на нивните цели
Сигурно повеќепати сте чуле како некој вели „Сакам да го променам светот“ или „Сакам да оставам трага“, но сепак кај многумина тоа е само желба.
Но за луѓето родени во знакот Јарец, тоа е нивна животна цел со која раѓаат и на која остануваат до последен ден. Нивниот живот, уште од мали нозе, не е воопшто лесен.
Во детството се соочуваат со тешки ситуации што ги принудуваат да пораснат и да станат сериозни. Како деца се многу несфатени, бидејќи размислуваат како многу повозрасни.
Јарците се подготвени да поднесат многу повеќе одошто и самите можат да си замислат. Со текот на времето се навикнуваат да го носат товарот на својот грб, но никому не му дозволуваат да ги спречи во остварувањето на нивните цели.
Тие се многу лојални пријатели и партнери и прават сè за да им помогнат на луѓето што ги сакаат, но и на непознати лица или животни во неволја.
Токму затоа што многу рано во животот се соочуваат со болка, Јарците целосно сочувствуваат со туѓата болка и никогаш не ги игнорираат проблемите.
Жените Јарци на почетокот не се снаоѓаат најдобро во улогата на сопруги, бидејќи секогаш се фокусирани на материјалната сигурност и работата, но се обидуваат да станат одлични сопруги и мајки. Иако не признаваат, сакаат заштитнички настроени мажи кои им даваат сигурност, бидејќи во спротивно стануваат многу доминантни.
Мажите родени во овој знак на прв поглед се многу ладни, исто како и жените, но тие се всушност многу емотивни. Иако се фокусирани на кариерата, семејството им е на прво место, а најдобро функционираат со многу емотивни и ранливи партнери.
Јарците се одлични пријатели, а и покрај нивната повлеченост, одлично се снаоѓаат во друштво, поради нивната духовитост. Од друга страна, тие се големи злопамтила и никогаш не ги опростуваат лошите работи што им биле направени ним или на нивното семејство.
Јарците несомнено оставаат трага каде и да се појават и без нив, светот дефинитивно не би бил ист!
Јарците се цврсто приземјени луѓе на кои другите сакаат да се потпираат. Имаат јака волја и се прилично самоуверени. Тие точно знаат кои се, па се чувствуваат комотно во разни социјални ситуации. Иако понекогаш имаат репутација на малку здодевни луѓе, тие често знаат да го изненадат друштвото со остроумна и ненадејна духовитост.
Јарците се сериозни и резервирани. Тие преферираат да ги планираат и да ги извршуваат задачите кои им претстојат и генерално се држат до овие планови сè додека не ги завршат, дури и кога околностите се комплицираат. Бидејќи се склони да бидат сериозни, знаат да бидат нетолерантни за глупирање и зезање и генерално не ја прифаќаат спонтаноста во одлучувањето.
Уште една карактеристика на јарците е што можете да сметате на нив дека ќе останат смирени во скоро секоја ситуација. Тие се неемоционални однадвор и се многу добри во анализата на проблемите од логичен аспект, без да ги мешаат чувствата со што избегнуваат драматичен ефект.
Јарците се амбициозни и во многу случаи сакаат да се истакнат во своето поле на работа. Тие не се двоумат пред да си постават високи цели и потоа да работат напорно за да ги остварат. Бидејќи се добри во планирањето и придржувањето до планираните задачи, тие можат да работат постепено за да ги остварат целите, притоа фокусирајќи се на иднината. Моменталното задоволство не е нешто што ги одликува јарците. Напротив, тие сакаат одложена награда која знаат дека ќе следува доколку се трудољубиви и одлучни.
.