Сопругот ми даде услов, ако не го исполнам, да си ги соберам парталите – заминав во истиот момент

0

Личноста за која се омажив имав чувство дека ја знам цел живот. Бевме долги години во врска и навистина изгледаше дека тоа е тоа. Дека иднината да бидеме заедно ни е загарантирана.

Не само иднината туку дека се согласуваме во се. Секогаш беше договор меѓу нас двајца. Ништо не сокривавме и за се разговаравме. После 5 години врска се одлучивме за свадба. Тој ме запроси, а јас прифатив. Знаевме дека тоа следува. Тоа беше реален следен чекор.

Не живеевме заедно претходно него секој кај своите родители. Договорот беше после венчавката да се преселиме кај неговите затоа што имаа куќа до својата куќа, па така ќе ни биде покомотно. Беа блиску, но тоа ни беше единствена можност во тој момент. И секако да имаме некоја своја приватност. Се беше одлично, се се договоривме и така се венчавме.

Поминаа неколку месеци од бракот и морам да признаам дека тој се промени и дека почна да се однесува на друг начин. Не знаев што му е. Мислев дека можеби му треба време да се пралигади на новата ситуација, но ништо не се менуваше. Пуштив се и реков ќе видиме. Треба време. Ја и понатака продолжив со животот како претходно. Имав 24 години. Сакав уште малку да се забавувам со пријателките. Понекогаш да излезам на кафе и слично. За деца има време.

Но време немаше кај мојот маж. Тој сакаше веднаш, но сокриваше. И така пукна еден ден и се ми кажа во лице. Сфатив дека тоа е она што го мачело цело време, но сега пукна. Беше грозно. Можевме за тоа убаво да разговараме. Но можеби тоа беше некоја задача да ме ожени и смести во куќата и јас да му раѓам деца, да готвам, перам и чистам. Тоа е се што не планирав на своите 24 години. Кома.

Се дереше како не ми е срам толку да се дружа и да пијам кафиња како мажена жена. Да се сместам дома и да работам работи кои се за жените наменети. Дека никогаш нема ручек, а кога има пак се е одвратно. Ако не му работам да си одам од неговата куќа. Значи тој човек кого го познавав долго и кого многу го сакав со промени во момент.

После тоа го оставив и заминав, но никогаш не дознав ниту ме интересираше дали тоа го планирал сите тие години или едноставно нешто пукнало во него во тој момент. Јас го замислував бракот со деца и како семејство, но ми требаше време. Доно треба се да оди чекор по чекот. И не е само тоа проблемот, него неговиот настап кој ме доведе до тоа да го замрзам. Се падна во вода, па така и нашиот брак.

Сега сум сама и најголем проблем ми е на кого да му верувам после ова.

Претходна статијаСамо еден знак во Зодијакот ја има таа моќ – Родени да го променат светот
Следна статијаЈа затекнав својата сопруга во кревет со мојот најдобар пријател, а потоа ја направив најголемата глупост