РАК
Денови исполнети со позитивни емоции, стрес сведен на минимум, волја за отпочнување на нови проекти, пријатни изненадувања за оние што се во врска.
Март ќе биде идеален месец за овој хороскопски знак, особено втората половина од месецот. Оние што одамна се во врска можно е конечно да добијат брачна понуда или предлог за заеднички живот во најмала рака.
Слободните ќе ја запознаат вистинската личност. Бидете искрени и дајте му шанса на партнерот да ја препознае вашата искрена љубов.
СКОРПИЈА
Март е поволен период бидејќи вие тоа го заслужувате. Една, а можеби и неколку деловни можности ќе ви чукнат на врата. Немојте да се воздржувате да покажете што умеете.
Ќе имате доволно енергија за се што ќе почнете, ќе можете и да го завршите.
Ваквата шанса кај вас подолго ќе потрае па може да здивнете бидејќи конечно воочивте дека вложеното носи видлив резултат без оглед на стресовите кои ги доживувавте во претходниот период.
СТРЕЛЕЦ
Во месец март ве очекуваат унапредувања во кариерата кои ќе водат кон прилив на неочекувани пари.
Патувањата кои ќе се случат во овој период исто така ќе ви донесат нов поглед кон животот и ќе бидат запаметени како неверојатни животни искуства.
Генерално, во овој период ве очекуваат многу изненадувања на сите полиња.
По 14 март ве очекува зголемување на вашата самодоверба, со што лесно ќе достигнувате успеси во професионалниот свет, но и ќе добивате поддршка од вашите претпоставени што ќе ви донесе многу моќ во вашата кариера.