Иако љубомората може да биде знак на љубов и поврзаност со партнеот, екстремниот облик може да биде фатален за врската.
Некои знаци лесно се контролираат, а некои поради неа имаат огормни проблеми.
Ако ѝ верувате на астрологијата, во продолжение дознајте колку сте љубоморни според вашиот хороскопски знак.
Овен
Овенот од својот партнер бара апсолутна доверба и прво место. Тој презира лаги и лицемерство и поради тоа може да стане многу љубоморен, а со тоа дополнително се зголемува недовербата и несигурноста.
Бик
Овој земјен знак копнее за среќно семејство и здрав, мирен дом. Поради тоа, ако припадниците на овој знак и малку се сомневаат во своите партнери, во нив ќе се појави истражувачки дух. Секако, Бикот ќе сака да дознае за што се работи, а со тоа ќе предизвика и некои љубоморни сцени.
Близнаци
Луѓето родени во овој знак не се склони кон љубомора, иако понекогаш, најчесто без причина, самите себеси си создваат чувство на љубомора. Љубопитни и желни за акција, ќе почнат да лутаат низ својата имагинација, барајќи докази за неверство.
Рак
Овој знак ретко е љубоморен, затоа што секогаш е слепо заљубен. Раковите се многу верни на својот партнер и не можат да замислат дека можат да бидат изневерени. Но, кога ќе пронајдат причина за љубомора, тие ќе бидат длабоко повредени.
Лав
Лавовите најчесто се љубоморни поради својата повредена гордост или поради стравот дека не се доволно сакани или почитувани. Па, кога Лавот „рика“, тоа е поради изгубена моќ, а не поради изгубена љубов.
Девица
Оние кои се родени во знакот Девица уживаат да предизвикуваат љубомора кај својот партнер. Тие сакаат да доминират и да имаат целосна контрола во односот, над партнерот и над нивните чувства. Тука веќе се појавуваат непотребни драми…
Вага
Овој знак го обожава својот партнер. Вагите не се љубоморни и секогаш се спремни да вложат многу во љубовта. Кога се појавува, љубомората на Вагите може д биде многу силна, па затоа најдобро е да избегнувате кавги во моментите кога надоаѓа љубомората.
Скорпија
Скорпиите зрачат со љубомора. Тие се љубоморни на секој кој ќе застане во близина на нивниот партнер. Многу се чувствителни и затоа тешко ги контролираат своите длабоки емоции, вклучувајќи ја и љубомората.
Стрелец
Стрелците зрачат со љубомора, но тоа нема да го признаат, зашто е „под нивната чест“. Никогаш не забораваат ниту простуваат изневерување. При првиот знак на љубомора, тие веднаш се активираат со цел да проверат за што се работи.
Јарец
Јарците не можат да простат ниту да заборават лошо искуство со својот партнер. Иако звучи чудно, тие не се љубоморни и не ги истражуваат постапките на личностите со кои се во врска. Меѓутоа, ако дознаат дека се изневерени, уште веднаш ќе ја прекинат врската со таа личност.
Водолија
Овој знак најчесто не е љубоморен, но дури и да е, многу ретко ќе го покаже тоа. Затоа, Водолиите може да станат огорчени.. Но, ако дознаат дека се изневерени и дека нивната љубомора е оправдана, нема да бараат причини, туку едноставно ќе заминат и ќе ја завршат приказната.
Риби
Љубомората е чест следбеник на претставниците на овој знак. Рибите кои се во врска најчесто бараат премногу љубов и внимание од својот партнер. Поради тоа, ако дознаат дека нивната љубомора е оправдана, тие ќе се повлечат, зашто не можат да простат ниту најмала грешка.