Внукот ја прашал баба си зошто секој ден ги пегла панталоните на дедо му: Никогаш нема да го заборави нејзиниот одговор

0

„Иако дедо ми беше фармер, баба ми му ја пеглаше работната облека секој ден. Правеше свој домашен раствор во стаклено шише, ги попрскуваше панталоните на дедо, ги простираше на столица неколку минути за да се исушат малку и потоа ги пеглаше.

Го гледав тоа во детството и мислев дека секоја старица го прави истото. Но како што минуваа годините, сфатив дека тоа не е баш така. Кога имав 13 години се запрашав зошто баба го прави тоа секој ден, па тоа се обични работни панталони! Не ми беше јасно зошто троши толкав труд и време за нешто што набрзо повторно ќе се извалка. Во текот на денот ретко кој го гледаше, освен баба ми и можеби неколкумина фармери.

Се запрашав зошто баба ми не ја средува мојата облека секој ден, туку само онаа на дедо ми. Не можев да издржам, па еден ден ја замолив да ми објасни.

– Тој е најубавиот маж што Бог некогаш го создал. Тој е мој најдобар пријател и љубов на мојот живот. Сакам секогаш да изгледа убаво и уредно, бидејќи никогаш не се знае на кого може да налета – одговори баба ми.

Долго размислував за зборовите на баба ми. Дедо ми не ми делуваше како најубавиот човек на светот. Беше низок, слаб, со релативно голем задник во споредба со ширината на рамената. Косата му беше проретчена, а вештачките заби не му изгледаа убаво кога ќе се насмееше.

Носеше очила што беа преголеми за неговото лице, а нему единствено важно му беше низ нив да го види она што го интересира.

– Како некој би можел да го смета овој човек за најубавиот што Бог некогаш го создал! – се запрашав.

Повторно отидов кај баба ми и ја замолив внимателно да го проучи дедо, бидејќи тој не ми се чинеше како најзгодниот на светот.

Баба ми почна толку многу да се смее, што на момент заличи на девојче.

– Тие брчки околу очите не беа секогаш таму, а се сеќавам на него и кога имаше вистински заби. Тој ги има најубавите сини очи што некогаш сум ги видела. Иста боја се како небото, непосредно пред заоѓањето на сонцето. Целото лице му блеска кога се смее, а гласот му е толку смирен и полн што сите го слушаат кога зборува. Сакам да се чувствува убаво. Секој ден му ја средувам облеката, бидејќи поради него се чувствував убаво сиве овие години. Тој е човек вреден за почит – објаснила баба му.

Овие зборови често ми се враќаа во глава. Ги гледав баба и дедо како стареат заедно, а јас кога наполнив 30 години конечно сфатив за што ми зборуваше баба ми. Кога сакаме некого длабоко и искрено, тогаш таа личност ни е најубава на светот. Тоа е вистинска љубов!“

Претходна статијаАко не сакате проблеми, не влегувајте во љубов со нив, тие се болно љубоморни хороскопски знаци
Следна статија(ФОТО) Какво време не очекува од вторник, очекувајте голема промена