Брутално искрен хороскоп: Хороскопските знаци ви откриваат со која ваша особина ги одбивате луѓето

0

На некои знаци јазикот им е побрз од паметот, па не внимаваат што зборуваат

Како што постојат особини и постапки што делуваат магнетно привлечно во туѓи очи, така постојат и карактеристики што предизвикуваат спротивен ефект. А што вели астрологијата на оваа тема? Како хороскопските знаци ги одбиваат луѓето од себе?

Овен

Кажувате работи пред добро да размислите за нив. Последицата од таквото однесување е еден куп повредени луѓе во ваша околина. Иако не го правите тоа намерно, вашата искреност честопати е брутална.

Бик

Цврсто се држите до своето мислење и не се откажувате од него по ни една цена. Дури и кога ќе ви докажат дека не сте во право, не ви ни паѓа на памет да попуштите.

Близнаци

За волја на вистината, обожавате да озборувате и да ги прераскажувате трачовите што ви биле кажани во четири очи. Поради тоа, луѓето лесно губат доверба во вас, бидејќи мислат дека истото ќе го направите и со нивните тајни.

Рак

Важите за личност која човек лесно може да ја повреди и навреди. Луѓето околу вас имаат чувство дека доволен е само еден погрешен збор за подоцна да се соочат со бурна реакција од ваша страна.

Лав

Важно ви е постојано да бидете во центарот на вниманието. Често делувате премногу напорно во туѓи очи. Незадоволни сте кога зборувате а не ве слушаат сите во просторијата, што на другите многу брзо почнува да им оди на нерви.

Девица

Ситничарите и размислувате за непотребни детали, па често ги пропуштате поважните работи. Воопшто не обрнувате внимание на нив, а би требало.

Терезија

Од некоја причина, на луѓето им оставате впечаток дека глумите, односно дека ни приближно не сте такви какви што му се претставувате на светот. Дружењето со лажни личности навистина е тешко.

Скорпија

Многу големо злопамтило сте. Кога еднаш човек ќе се скара со вас, не можете да го оставите на мира. Секогаш ги извлекувате старите проблеми кога ви одговара.

Стрелец

Знаете дека на светот постојат и други луѓе, но некако ви се чини дека тие се помалку важни од вас. Не ве интересира што имаат тие да кажат, бидејќи сигурни сте дека вие имате подобри идеи.

Јарец

Честопати имате песимистички поглед кон светот и проблем за секое решение. Со текот на времето ова почнува страшно да им пречи на луѓето што ве опкружуваат.

Водолија

Намерно им противречите на другите, само за да видат колку сте посебни. Дури и кога се согласувате со некого, вие имате навика да заземете спротивен став, со цел вашето мислење да остави посилен впечаток.

Риби

Со оглед на вашата бујна фантазија, вие во реалноста не сте многу добри соговорници. Знаете да одлутате со мислите среде реченица, па тогаш станува очигледно дека воопшто не го слушате разговорот.

Претходна статијаВодителката од „Пинк“ се разбудила после операцијата – го изговорила само ова
Следна статијаАна Бекута: Синот го оставив во дом, тие 8 месеци ми беа најстрашната епизода во животот