Ана Бекута: Синот го оставив во дом, тие 8 месеци ми беа најстрашната епизода во животот

Ана Бекута проговори за своите тинејџерски денови, кога осум и пол месеци била принудена да го остави својот син Игор во Дом за деца без родители.

Седумнаесеттата година ми беше пресвртна бидејќи по неа ми се отвори небото и ми се појавија мотиви за иднината. Но тогаш не мислев така.

loading...

Требаше да родам дете толку млада во тоа време. Не ни бев свесна за одлуката да станам мајка, но се сеќавам дека го сакав тоа не ни знаејќи што ќе ми се случи.

Всушност, тогаш, како тинејџерка, не ме ни интересираше што ќе помислат другите. Работев по свое, но секогаш чесно и коректно. Се разбира, моите родители не беа задоволни, имаа доверба во мене како најстара ќерка и одеднаш им се урнаа соништата.

Гледајќи од оваа перспектива, најмногу поради влијанието од околината“, со тага се присетува пејачката во интервјуто за магазинот „Свет“, додавајќи дека моради неможноста сама да се грижи за својот син, бидејќи во меѓувреме се разделила од неговиот татко, морала да годаде во Дом за деца без родителска грижа.

Тоа била најстрашна епизода во нејзиниот живот, во која со огромна радост се среќавала со својот наследник, а потоа со горчина и солзи го оставала во домот.

Игор Полиќ, син на Ана Бекута кој пејачката го родила во 1976 година како тинејџерка, на само 17 години во својата прва исповед вели дека не и замерува на својата мајка што го оставила додека бил бебе во домот за незгрижени деца.

После неколку децении молчење за вистинската семејна драма низ која поминувала неговата мајка, Игор одлучи да проговори на оригинален начин.

Тој прво на Инстаграм објави фотографија на која се тој и неговата мајка додека тој бил бебе.

-„Тоа ми е навистина драг спомен. Фотографијата е стара и малку уништена, но мене ми е навистина драга. Настанала неколку месеци пред да го однесе во дом.“ – вели Игор.

Тој вели дека најтешкиот период на својата мајка отсекогаш го разбирал и ја разбира нејзината одлука.

-„Откако знам за себе знам дека таа била принудена еден дел од животот да биде без своето дете.Тоа никогаш не се криело од мене, ниту на мене остави било какви последици. Мајка ми сето тоа го надомести подоцна, и многу повеќе од тоа. Ние двајца и ден денес зборуваме на таа тема. Верувајте дека отсекогаш на тој период гледав најнормално. Таман работа на мајка ми да и замерувам што морала да ме даде во дом, никогаш за тоа не и префрлив. Мојата мајка морала да го направи тоа, бидејќи тогаш таков бил законот.“ – објаснува Игор и додава дека со својот татко не е во контакт.

Пејачката никогаш не откри зошто морала своето дете осум месеци да го остави во дом.

-„Сакав да родам дете. Вистина е, им нанесов болка на моите родители, ги посрамив, тоа се стои, поради тоа Игор некои осум месеци помина во дом. Притисокот од опкружувањето беше голем. Плодот од мојата младешка љубов беше крунисан доказ дека сум недостојна, па Господ ме обележи.“ – рекла Ана.

loading...