Бик
Напорен период со многу активности. Ќе бидете принудени да правите и по неколку работи истовремено, само за да ја зголемете својата продуктивност и ефективност.
Но, за вас поимот мултитаскинг не е нов, па притисокот на роковите нема да ве скрши и ќе успеете да направите се што ќе наумите. Резултатите ќе бидат очигледни.
Иако сте незадоволни од работата, не брзајте. Ќе ве израдува повикот на некој поранешен партнер. Во овој период ќе имате недостаток на пари и тоа ќе го зголемува вашето незадоволство.
Вага
Вашето тело повеќе не може да го издржи напорот. Веројатно вашата работохоличност ќе се одрази на вашата состојба. Поради прекувременото работење, ќе бидете премногу истоштени, а тоа ќе го забележат сите околу вас. Ќе бидете критикувани за постапките.
Верувате во она што го слушате бидејќи во моментов тоа најмногу ви одговара. Немате време да се фокусирате на оние активности на кои би требало да се фокусираат вашите соработници. Мора да бидете малку построги кон нив и мора да воспоставите ред во својот живот бидејќи единствено така ќе ги исполните сите работи кои сте ги замислиле.
Верувате дека еден Рак е добронамерен кон вас дури и кога не се однесува така. Можна е понуда за некоја друга работа.
Стрелец
Потребен ви е одмор. Препуштете им на вашите колеги да ги извршуваат комплицираните работи, кои бараат многу напор. Некоја личност ви буди емотивно интересирање и добро расположние.
Се се случува ненадејно, непланирано. Познанствата, сојузите, размените на искуствата. Уште кога би можеле да не се нервирате. Тензијата станува составен дел од комуникацијата со околината. Затоа се можни препреки придружни со расправии.
Пожелно е да се контролирате. Вашата комуникација со околината е важна за понатамошните бизнис партнерства.
Риби
Деновиве обидете да се да останете смирени. Нема да бидете многу сигурни во вашата финансиска ситуација, и тоа може прилично да ве вознемири. Некои информации кои ќе ги добиете, исто така може да ве вознемират. Не се повлекувајте, искажете го вашето незадоволство.
Надевајте се на големи промени кои со себе носат сериозни одговорности. Конечно можете да земете здив, бидејќи многу работи се разрешија. Доколку сте паметни, ќе успеете да го извлечете максимумот од ситуацијата. Тоа особено се однесува на партнерот.
Можни се емотивни проблеми. Личноста која ја сакате е збунета во врска со некои ваши постапки.