Александар Василевски Нинџа како обвинет сведок на денешното рочиште за 27 април откри дека тој и УБК му монтирале камери на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во неговиот дом со цел да го следат неговото движење додека траело објавувањето на „бомбите“.
„Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски беа следени од Петтата управа. Има документација за ова. Петтата управа почна да ги следи кога почна објавувањето на бомбите.
Следевме и новинар. Му поставивме камери дома на Алберт Муслиу“, ѝ одговори Нинџа на судијката Вилма Русковска. Муслиу важи за коментатор и аналитичар на политичките процеси во Македонија и е чест гостин во телевизиските емисии и дебати.