Се огласи Благој Бочварски откако се вери и откри што му е приоритет (ФОТО)

0

Министерот за транспорт и врски, поранешниот градоналалник на Штип, Благој Бочварски во едно интервју за Вечер прес зборуваше за неговите приоритетни задачи како министер.




-Една од моите приоритетни задачи како министер е да се заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Во овој момент не сакам да споменувам конкретни рокови затоа што сметам дека најважно од сè е нашето внимание да го насочиме кон тоа да изградиме безбеден, квалитетен автопат, по највисоки стандарди и да не дозволиме во никој случај да се повторат грешките чии сведоци бевме во минатото, а за кои плаќаме сите ние граѓаните.




Верувам дека веќе на јавноста ѝ е јасно во каква состојба го затекнавме овој проект и со што сè се соочивме за да овозможиме изградбата да продолжи и граѓаните да го добијат автопатот кој со години го очекуваат.




Владата предводена од СДСМ ги надминува сите затекнати проблеми и континуирано изнаоѓаме решенија за реализација на овој значаен проект. Она што е особено важно е дека голем дел од дополнителните инфраструктурни проекти се веќе завршени и следниов период ќе ја засилиме динамиката на изградба.




Можам да спомнам само еден податок, а тоа е дека преку 200 градежни машини и преку 800 работници веќе се на траса и интензивно работат. Ова е приоритетен проект, дел од Европскиот коридор 8 и затоа имаме обврска и пред граѓаните и пред Европската Унија да го завршиме и тука нема дилема.




Во однос на цената, можам да кажам дека за тоа имаме Закон во Собрание со точна утврдена цена од околу 598 милиони евра, средства кои се обезбедени за изградба на автопатот“, изјави Бочварски минатата година.

Во емисијата „Магазин“ на Сител, тој зборуваше за себеси како е во понегормално издание.




-Луѓето можат да ме видат на стадион, во кафичи, секаде каде што се движам со мојата девојка…

Оваа позиција ме ограничува на некој начин, да морам да изгледам поформално, затоа што по цел ден сме на работни состаноци. Но кога не морам, се облекувам поспортски“, рече министерот.




Медиумите деновиве интензивно објавуваат дека се вери министерот Благој Бочварски. По речиси една година врска со 24 годишната Маринела Серафимова од Штип, тој ја побара нејзината рака.

– Да, се случи вчера вечерта. Со Маринела сме заедно околу една година и требаше ова да се случи. Нема посебен датум за да го направам ова, така одлучив.




Претходно бевме на вечера во ресторан и малку разговаравме на оваа тема, но не открив пред неа детали што ќе се случува подоцна. Раката и ја побарав кога се вративме дома.

Немаше посебни романтики, не клекнав кога ја запросив, едноставно додека разговаравме се случи моментот, го покажав прстенот.




Не сметавме дека треба да има апарати и камери, туку само ние двајца да си дадеме збор, затоа и немаме слики. Беше навистина убав момент и чекор и за двајцата.

Бевме заедно на одмор, но, сепак, се одлучив да ја запросам тука дома. Искрено јас и Маринела извесно време правиме муабет за нашата иднина. Затоа таа и очекуваше, но не знаеше кога и беше изненадена. Односно, како што ми рече, очекувала на есен или понатаму“, изјавил министерот за ММС.




По свршувачката, тој веќе не се огласи на оваа тема во јавноста, туку на неговиот официјален Фејсбук профил објави работно видео до кое напиша:
Започна минир ањето на теренот на браната Отиња, целта е да се изгради пред крајниот рок.




Продолжуваме понатаму да работиме на реализација на најкомплексните проекти за граѓаните…“, рече Бочварски.

Претходна статијаКонечно е откриено која е девојката со која Милош Биковиќ е на одмор во Хрватска (ФОТО)
Следна статијаТаа не можеше да роди и ја оставив, но набрзо ја видов со близначиња – мислам дека се мои дечињата