Министерот Филипче пред малку објави дека ситуацијата станува сериозна

0

По релативно мирното лето, последниве десетина дена, состојбата со корона вирусот кај нас се усложнува.




Рапидно почна да се зголемува бројот на нови позитивни, овој пат од Делта сојот, кој се карактеризира со многу поголема преносливост. Министерот за здравство Венко Филипче, утрово во два статуси на социјалните мрежи, информира за состојбата:




-На утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, се разгледуваше епидемиолошката состојба која од ден во ден станува се посериозна.




Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога на сила стапуваат новите мерки. Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи.




Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот.




На состанокот кој утрово го одржавме заедно со директорите на клиниките дискутиравме за повеќе аспекти поврзани со менаџирањето на состојбата и капацитетите за прием на пациенти заболени со Ковид 19 вирусот, кои имаат потреба од клинички третман.




Она што е неопходно е проширување на капацитетите за прием на пациенти и за таа намена од денеска се ставаат во функција 8ми Септември и модуларната болница на КИБФС.




Го менаџираме здравствениот систем и веќе се подготвени тимови за ротација на здравствен персонал според потребите на клиниките. Многу е битно да им помогнеме на медицинските лица при започнување на 4тиот еппидемиолошки бран, а тоа можеме да го направиме единствено со вакцинација..




Вакцините може значително да го успорат процесот на проширување на вирусот, да влијаат на исходот од болеста и затоа, бидете одговорни во овој процес. Потребно е што повеќе луѓе да бидат вакцинирани за да се постигне солиден колективен имунитет.




Претходна статијаУбавата актерка ја нема веќе 21 година, цела Југославија ја обожаваше, а како да знаела како ќе ѝ заврши животот
Следна статијаСања Лукаревска откри кои се најголемите херои за неа