Д-р Нико Беќаровски: Настинката не ви е ниту од климата, ниту од испотената маица – ве молам истестирајте се

0

Неколку наши доктори, со своето знаење, во оваа пандемиска криза се обидоа да им помогнат на граѓаните и да им ги разрешат нивните дилеми, најпрво околу самиот вирус, како да се заштитат и да ги препознаат симптомите.




Бројни беа настапите на професорите д-р Драган Даниловски, д-р Никола Пановски и д-р Нико Беќаровски, не само на телевизиите, туку и на социјалните мрежи, но и во приватни пораки. На секој начин, тие беа ставени на располагање на медиумите, кои сакаа да им пренесат коректни информации на граѓаните.




Оваа практика продолжи и по стартот на имунизацијата, кога граѓаните имаа уште повеќе дилеми, дали да се вакцинираат доколку се алергични на пеницилин, на некои намирници, дали да се вакцинираат доколку имаат некои хронични заболувања и.т.н.




Докторите во секоја прилика повторуваат колку е важна имунизацијата, бидејќи само преку масовна вакцинација, може да се стигне до потребниот колективен имунитет и да се запре пандемискиот вирус.

Но, за жал, се појавија многумина на социјалните мрежи, кои овие доктори почнаа да ги нарекуваат платеници, кои ги терале да се имунизираат




Пред неколку дена, д-р Нико Беќаровски, напиша статус во популарната група на фејсбук „Ковид 19 искуства и совети“, со кој ги извести членовите на групата дека се повлекува и во иднина нема да дава совети на граѓаните на кои им се преку потребни, резигниран и навреден од недоличните коментари и навреди:




„Почитувани членови на групата, За жал групава се повеќе се трансформира во место за недолични навреди и коментари, кои отстапуваат од елементарното културно однесување, поради што во наредниот период ќе се дистанцирам од било какви објави и коментари.




Голема благодарност до господинот Антони Пешев, за неговата извонредна организација и идеја, која искрено се надевам даде свој незаменлив придонес во многу критични периоди од оваа пандемија.




На сите Ви посакувам добро здравје, бидејќи во наредниот период тоа ќе ни биде најскапоценото.“

На 2 јули Ве замолив сите гастарбајтери при влез во МК да имаат негативен тест или да се вакцинирани. НЕ ме послушавте.




На 31 јули Ве предупредив дека од 10 август ќе имаме вртоглав пораст на заразени и денес се веќе 518. НЕ верувавте и навредувавте.

На 10 август конечно, поради мерките од Комисијата, нагрнавте по вакциналните пунктови, а јас Ве замолувам прво истестирајте се, вирусот веќе е премногу раширен.




“Настинката” не Ви е ниту од климата, ниту од испотената маица од топлото време.
Знам дека НЕМА да ме послушате!“

Претходна статијаМајки од Дијаспората, пазете си ги синчињата – другарка ми ги лови, сака да си оди од Охрид
Следна статијаВака зборуваше Сабина Ајрула кога глумеше во „Величенствениот“ во Турција: Многу сум популарна овде, баш сум глумица!