Благоја Зегин уште еднаш ја покажа својата голема хуманост

0

Популарниот меѓу пријателите и вработените „Директоре“, Благој Механџиски „Зегин“, е еден од најпознатите бизнисмени во нашата држава. Освен тоа, тој е истакнат хуманист и докажан донатор.




Тој е признат, уважен и респектиран на низа полиња и децениски потврдено во бизнис заедницата во Република Македонија и на пошироките простори.

Механџиски повеќе од 30 години работи во фармацевтскиот бизнис, со веледрогеријата „ЗЕГИН“ и е пример за успешен бизнисмен.

Благој Механџиски е по потекло од Берово. Тој на почетокот од оваа година, на своите Беровчани им подготви посебно изненадување:




-Како што им имав ветено на моите Беровчани, си го исполнив ветувањето. Ја отворив најснабдената и најевтината аптека во државата, која нема да биде само аптека, туку и Хелти Фуд, бидејќи ќе го содржи и асортиманот од овој сегмент, а исто така ќе се продаваат и ортопедски помагала.

Горд сум што отворивме аптека во Берово и ќе најавам уште нешто. Сметам дека поради цените во аптеката, ќе придонесеме и за туризмот во Берово, бидејќи жители и на други градови од Македонија, ќе доаѓаат да пазарат овде и истовремено ќе престојуваат во Берово.




Аптеката во Берово има асортиман од 42 илјади производи, а оние кои се заболени од Ковид-19, ќе добиваат попуст од десет проценти, изјави за интернет телевизијата Малеш нет, Благоја Механџиски.

Благоја Зегин, не ги заборави своите Беровчани и во последниве денови, кога Берово и Беровско се борат со досега незапамтената огнена стихија. Тој на 6. август, уште во утринските часови се вклучи на терен и активно помагаше во справувањето со кризата со пожарите на патот Делчево-Пехчево, регионот кој беше зафатен во месноста Крива Круша.




-Подаваме рака онаму кадешто е најпотребно, затоа што заедно сме посилни! Да бидеме хумани, да бидеме одговорни, да бидеме сплотени заедно против сè што може да ги наруши здравјето и благосостојбата на нашите граѓани, да ја зачуваме природата и убавините по кои нашата земја е позната во целиот свет, да помогнеме за подобро утре.

Ова што се случи е страшно и жално, изгореа Малешевските бели дробови – изјави Механџиски, кој донираше палети природна изворска вода, храна, лекови, додатоци во исхрана и санитетски материјал (гази, спрејови против изгореници) и останати потребни медицински производи.




Освен дадената помош во храна, лекови и гориво, преку целиот ден Механџиски заедно со својот тим ги обиколуваше терените и селата за да пружи поддршка и таму. Донациите ќе продолжат и понатаму, компанијата Зегин активно ќе ги следи случувањата и ќе помага како и досега, со цел побрзо и поефикасно да се надмине кризата.

Претходна статијаУбавата пејачка Наташа Беквалац на дива плажа, откри и повеќе од што треба (ФОТО)
Следна статијаОткако велешанката Мими од Звезде гранда се вери, се огласи нејзината сверкрва Гордана (ФОТО)