Битолскиот професор Трајковски со една добра и една лоша вест

0

Битолскиот професор по Механика, Дејан трајковски, синоќа во неговата неделна анализа на ковид бројките, напиша:




„22.08.2021. За денеска една добра и една лоша вест. Добрата вест е дека во последниве седум дена забележуваме голем пад на преносливоста, односно ефективниот репродукциски број нагло опадна на само Rt = 1,33 ± 0,36, што можеби сигнализира побрзо настапубање на врвот и пониски максимални дневви броеви од вчера прогнозираните.




Не се должи ова само на малите викенд-броеви, туку целата измината недела забрзувањето се намалувало.

Понеделнички броевите ќе бидат мали, па откако ќе се стабилизираат тестирањета, од вторник натаму ќе имаме подобра слика.




Лошата вест се однесува на бројот на активно хоспитализирани. Најпосле во неделните извештаи на ИЈЗ, коишто се објавуваат понеделнички, ги пронајдов броевите на активно хоспитализирани, ажурирани неделно (сината линија на вториот дијаграм).

Како што знаеме, бројот на хоспитализирани е поврзан со бројот на активни случаи, официјални и реални (црвената и жолтата линија), преку стапката на хоспитализација.




Користејќи стапка на хоспитализација од 11%, забележуваме дека сината линија практично се поклопува со црвената и жолтата сé додека има места во болниците.

За време на претходните врвови, кога болничките капацитети биле преполнети, се појавувал процеп помеѓу сината и црвената (како и жолтата) линија.




Засега нема проблем со капацитетите, па што е тогаш причината за загриженост? Проблемот е што десниот крај на сината линија ги прикажува броевите на хоспитализирани заклучно со минатата недела.




Во меѓувреме бројот на активни случаи (црвената линија) драматично се искачи. Ова значи дека утре е сосема моѓмо да слушнеме дека бројот на хоспитализирани е преку 1.000.

Да бидеме поконкретни, од 11.106 активни случаи, при стапка на хоспитализација од 11%, би требало да видиме вртоглави 1200 хоспитализирани, за да може сината линија да држи чекор со црвената.




Во пролетниот бран првите проблеми со хоспитализациите се појавија при околу 1.400 хоспитализирани, а крахот на ковид системот настапи при 1.800 хоспитализирани. Ако утре видиме 1.200 (или барем 1.000), тоа би значело дека веќе опасно се приближуваме до границата на издржливост на ковид системот.




Со ова темпо на додавање активни случаи, за една недела можеме да дојдеме до критичната точка, доколку се хоспитализира со ова темпо.

Олеснување единствено може да донесе пад на бројот на новозаболени во северозападниот регион, а новите случаи да започнат да доаѓаат од регионите со подобар опфат со вакцинација, каде нема да има толкава потреба од хоспитализација.




Со нетрпение го очекуваме неделниот извештај на ИЈЗ под наслов: „СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 16.08-22.08.2021“, за анализа на хоспитализираноста. Во секој случај, ситуацијата станува загрижувачка.




Претходна статијаСамохрана мајка одби помош од црвен крст: Рацете понекогаш ми се иceчени, понекогаш изгоpени, но лебот што го јадеме со ќерка ми е многу сладок
Следна статијаД-р Кузмановски: Во трета година се полага најтешкиот предмет, имунологија – дали на лаик можеш да му ја објасниш за 3 минути имунизацијата?