Нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, денес во настап на „Студио 10“, на ТВ 24, проговори за новиот Делта сој од вирусот, кој деновиве е дијагностициран и во нашата земја.
-Тоа што се случува воопшто не изненадува. Природата на овие вируси е одвреме навреме да мутираат. За среќа, овој тип на виурси послабо мутира во однос вирусот со грипот.
Динамиката на мутирање единстевно може да се забави ако ние како планета, како популација се однесувавме малку поинаку. Во светот постои егоизмот кај богатите држави кои пред се гледаа да си ги средат работите дома и да ги грабнат вакцините, а сиромашните останаа на опашката, вели д-р Даниловски.
Се додека на планетава, сите не се осознаеме до мера дека и најсиромашните земји треба мосовно се извакцинираат, ваквите закани како што се случија со Делта мутанот ќе значат сценарија на јојо систем, односно топло ладно, и постојано ќе одиме во осицлации се додека силата на висрусот не се исцрпи, но за да додје тоа ќе поминат години.
Треба да ја забрзаме работата и на вирусот да не му се дозволиме амбиент за мутирање. Тоа нешто се постигнува со молскавична војна, односно во што пократко време сите да бидат вакцинирарни.
Она што кај нас што се случува е тој факт и ние сме дел од затворен систем. За очекување беше уште когасе појави во Индија, стана доминатен во Бријтанија.
Делта сојот се разликува од Алфа варијатната по тоа што се проценува дека е 70 посто позаразен. Тоа значи, дека ако има услови за ширње, ќе имаме една поголема динамика на новозаболени. Тој е полесно заразлив и попродорен во клетките на домаќинот.
Се уште нема доволни индиции да се каже дека придизквуква потешка слика. Она што е карактеристичлно е дека е изместен акцентот на неговите симптоми. Ако кај Алфа беше болки во зглобови, изгубен мирис, сега доминираат главоблка, течење на нос и болки во грлото.
Сега имаме практично една слика на потежок грип. Со оглед на тоа дека постарите генереации или прележале или се во добар дел вакцинирани, вирусот наоѓа место за ширње мешу помладите.
Кога ќе почувствуават симптоми, мислат дека е настинка и се движат, тоа значи поголема трансмисија.
Врз носнова на сликата не може да се направи разлика меѓу настинка и Делата сојот. Мора да се направат испитувања.
Добрата вест е што претежно младите кои забаолуваат се со лесни клинички симптоми. Тешко ќе дојде до закана односно со препоптоварување на болници и хопситализрани.
См ртно -ста е ниска, 0,1 посто. Тоа е во рангот на грипот. Така ќе биде и кај нас.
Иако имаме мал број на вакцинирани, штом со Британскиот сој се справивме летово да го снема, веројанто приордниот имунитет го створил своето. Стапките на прележани се над 60% според мене, на тоа се дополнува вакциналниот имунитет и мислам дека нема да се соочиме со катастрофично сценарио.
Бројот на новозаразени ќе расте, но нема да бидат оптоварени капацитетите. Во однос на вакцините, помагаат 93% да не се дојде до хоспитализација. Потребна е вакцинација, само така ќе ја надминеме оваа нова состојба.