По подолго време се огласи Рашела Мизрахи и проговори за Талат Џафери

0

Завчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаа средби со дел од своите колеги во Собранието, а во изјава за медиумите своја поддршка за предлог документот даде и пратеникот и портпарол на СДСМ Коста Костадинов. Предлог резолуцијата ја поддржаа и пратениците од ДОМ, ЛДП и Демократскиот сојуз.




Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го поздрави чекорот на СДСМ и наведе дека резолуцијата ги содржи „националните црвени линии од кои ниту една Влада не смее да отстапи“.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги обединува сите општествени и политички фактори и да биде носечкиот столб за заштита на националното ткиво и стратешки цели на Македонија. Покажуваме дека обединети сме посилни“, посочи Мицкоски.

„Автори на самата Резолуција на супстратот, на месото на Резолуцијата беа МАНУ и УКИМ, додека формата ја даде пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ односно ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што формата и дефиниција на Резолуцијата требаше да биде запазена.




Не е за неочекување тоа што истата и денеска е прифатено од Социјалдемократскиот сојуз, знаете како ова не е Резолуција која што треба да поттикнува поделба туку ова Резолуција е како резултат на недоверба во самиот процес.

-Досега слушнавме се и сешто од власта и секакви постулати, наративи, бетониран статус на идентитет, бетониран статус на јазик кој што да бидеме искрени наиде на силна недоверба на населението.

Еве јас би можела да кажам дека според моите видувања од моите посети низ Македонија на различните општини речиси 90% од населението немаат доверба во процесот, ниту пак имаат доверба во наративот кој што го слушаат од власта за оној бетониран идентитет и бетонирани прашања за јазикот.




И баш поради тоа ни беше потребна една ваква Резолуција“, заклучи Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мизрахи додаде дека таа е дел од тие 90% од населението кое што не верува во изјавите на власта во врска со националните интереси и преговорите со Бугарија.

„За мене е очекувано да биде оваа Резолуција прифатена од СДСМ, на пример, како би звучело во предизборие на локални избори да кажуваат дека биле против Резолуција која што вели:




– „Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен и временски континуитет“. Како ќе бидете против ова“, запраша Мизрахи.

Мизрахи посочи дека со предложената Резолуција од страна на ВМРО-ДПМНЕ се оцртуваат црвените линии на она што е Македонија, она што е македонски народ, она што е македонски идентитет и она што е македонски јазик.

Денес, на својот профил на социјалните мрежи, Рашела Мизрахи ја образложи интерпелацијата која таа и нејзините колеги пратеници, ја поднесоа за спикерот на Парламентот, Талат Џафери:




Поднесовме интерпелација на Џафери бидејќи ги прекрши Уставот, Законот за употреба на македонскиот јазик како и Законот за јазиците.

Поднесена е интерпелација на господинот Талат Џафери кој што на 28 јуни оваа година како претседател на Собранието, значи на собир на претседатели на Собрание, службено не приватно, се појави пред Комитетот за надворешни работи при ЕП и таму говореше на албански јазик.

Во самата интерпелација се повикуваме на кршење на Уставот на Република Македонија преку фамозниот амандман 5 кој вели вака:




„На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.

Овдека беше прекршен Уставот, меѓутоа исто така и два закони и тоа е Законот за употреба на македонскиот јазик како и Законот за јазиците, сам по себе, коишто строго дефинираат дека во меѓународните односи ние комуницираме на македонски јазик користејќи го кирилското писмо.




Законите строго дефинираат дека на територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи исклучиво се говори на македонски јазик и се користи кирилско писмо.

Доколку зборуваме за Законот за јазиците исто така ако се погледне членот 2 вели:
,,Македонскиот јазик е духовно богатство со посебно културно историско значење на Републиката употребата на македонскиот јазик како службен јазик е право и должност на граѓаните на Република Македонија“.




И согласно сите три документи е поднесена оваа интерпелација и ќе видиме како истата ќе се одвива.

Претходна статијаМила Царовска објави што ќе добие младиот Дамјан кој донесе одличја во Македонија
Следна статијаАпасиев: Ни се нудат членови на други партии да преминат кај нас со цели општински – не, не, не ние ги одбиваме тие