Можно е да им се бара негативен тест на оние кои се враќаат од Грција, но засега нема таква одлука

0

Бројот на случаи на заразени со делта сјоот на корона вирусот во државава се искачи на десет луѓе.




Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека последните четири случаи на заразени со индискиот сој се вчера потврдени во лабораторијата во МАНУ.

-Имаат патувано во странство. Тоа се две двојки и нема епидемиолошки ризик. Сега епидемиолозите ја вршат таа работа која ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација итн – вели Филипче.




Тој посочи дека околу 400 илјади граѓани се веќе вакцинирани од кои 240.000 се ревакцинирани, а до крајот на оваа недела ќе заврши и вакцинирањето на сите 60.000 пријавени кои добиле термин заедно со граѓаните кои се вакцинирани во Србија.

-За неколку месеци на крајот на годината може ќе се појави нов сој кој исто така можеби побрзо ќе се шири од овој. Битно е луѓето да се вакцинираат. Очекувањата се дека ако е поконтагиозна како сој варијантата дека таа ќе стане доминатна.




Доколку сме вакцинирани во висок процент и има одреден степен со вакцинален колективен имунитет колку и да е позаразен нема да се повтори претходната слика со британскиот сој и тој силен бран.

Логично е да се очекува новиот сој побрзо да се шири и тоа е карактеристика на РНК вирусите. Тие кога ќе најдат на некаква препрека мутираат и продолжуваат да се шират.




Затоа е тој концепт една од опциите дека можеби ќе премине во ендемска форма оваа болест ќе ја има и понатаму и вакцината е единствена што не штити – вели Филипче.

По детектирањето на индиската – делта варијанта на коронавирусот кај пациенти во земјава, можно е воведување мерки на границите при влез во Северна Македонија, но не и реорганизација на она што сега функционира како што се отворени установи со протоколи.




До вчерашниот ден во државава се регистрирани десет случаи на заразени со индискиот сој, а вкупно се активни 141 случај на заразени со Ковид-19. Од понеделник ќе почне теренската вакцинација, а ќе се дозволи и вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер.




Министерот за здравство Венко Филипче вчера информира дека до крајот на неделава со членовите на Комисијата за заразни болести ќе се дискутира дали сегашната состојба бара воведување некакви рестриктивни мерки.

Филипче оцени дека генерално состојбата во земјава и понатаму е мирна и апелираше граѓаните да се вакцинираат на пунктовите, кои од понеделник ќе бидат отворени и нема да има потреба од закажување.




– Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени, изјави Филипче.




На новинарско прашање дали евентуалните мерки што би биле воведени на границите ќе важат и за државјаните на РС Македонија кои ќе одат на летување и на враќање ќе мора да приложат некои од потребните документи, Филипче одговори дека доколку се одлучи оти има епидемилошка вредност, тоа ќе важи за сите, рече Филипче.




Во еден таков случај, ќе биде многу деликатно, особено за семејства со мали деца, бидејќи доколку се позитивни, двајцата родители ќе треба да бидат во изолација. Но, да видиме како ќе се развива состојбата и што ќе одлучат здравствените власти.

Претходна статијаГледате и сами дека ништо не ми е, едвај чекам да си одам дома: Се огласи велешанецот кај кој е регистриран делта сојот
Следна статијаПознатата новинарка ја отвори душата: Една фриленсерка која нема платен одмор, па требаше да работи и додека е „на одмор“